Connect with us

Радовиш

Кампањата ,,ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ!” и во општина Радовиш!

Media Press

Published

на

Кампањата ,„ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ!” и во општина Радовиш!

Со единствена цел секое дете да расте во топол дом и да добие шанса за светла иднина, настанот е со цел промоција на згрижувањето и информирање за бенефитите и условите за истото.
На 05.11.2022 – Сабота, од 11.00 до 14 часот, на плоштадот Св. Спасо Радовишки во Радовиш, посетете не и дознајте ги придобивките од згрижувањето, како и начинот на кој може да се стане згрижувач.

Националната кампања се спроведува од страна на СОС Детско село во 26 општини во Републиката во 2022, а е во соработка со Центрите за поддршка на згрижувачки семејства ,,Битола” и “11 Oктомври”, Министерството за труд и социјална политика и локалните самоуправи, а овозможена е од страна на Германското министерство за економски развој и соработка.
Настанот е наменет за сите заинтересирани граѓани, со потенцијал да станат згрижувачи, кои преку промотивни материјали и директни консултации со стручни лица, како и самите згрижувачи, можат да се информираат, повеќе за згрижувањето.

Згрижувачите добиваат месечен надомест за згрижено дете (16.788 мкд за секое згрижено дете), надомест за згрижувач, услуга на стручна помош и поддршка преку центри за поддршка за згрижувачки семејства, како и други придобивки, од кои и траен надоместок од државата со навршен стаж од 15 години згрижувач.

На овој начин, згрижувачите учествуваат во можеби најхуманата активност – заштита на детето, прават вистинска промена и менуваат не само еден живот – но цели генерации. преку што, истовремено ја намалуваат стигматизацијата во општеството за децата во недостиг од соодветна грижа.
За сите кои се заинтересирани да станат згрижувачи, а немаат можност да присуствуваат на настанот, повеќе информации за тоа како да станат згрижувач, можат да добијат на телефонскaта линија 075/277-477 и веб страната http://www.zgrizuvanje.mk

ПОВЕЛЕТЕ, ПОСЕТЕТЕ ГО НАСТАНОТ И ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ КАКО МОЖЕ ДА СТАНЕТЕ ЗГРИЖУВАЧ.

На настанот ќе присуствува Градоначалникот на Општина, г. Ацо Ристов како и Директорот на Центарот за социјална работа, г. Александар Филев.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Чапов: Време е да се погледнеме во очи и да си кажеме – сакаме или нејќеме убав и развиен Радовиш

Media Press

Published

на

Со објава на својот ФБ профил Игор Чапов, раководител на одделение во ЕЛС- Општина Радовиш, ги повикува граѓаните на Општина Радовиш активно да се вклучат во развојот на Општината со свои идеи, предлог проекти и сугестии, а не само со критики на досега сработеното потенцирајќи: „Време е да се погледнеме во очи и да си кажеме – сакаме или неќеме убав и развиен Радовиш“.

„Почитувани сограѓани, пријатели и чесни луѓе !

Мирослав Илич остана запаметен во Радовиш по изјавата„ТЕК СМО ПОЧЕЛИ“.Ако се врземе за неа, ќе ни најдете маана – па шо чекате цела година !Е сега…Одговорот е: ич не чекаме … анализирааме, утврдииме И ПОЧНУВАМЕ ! Почнуваме со професионален, чесен, одговорен и транспарентен процес за развој на Радовиш и населените места.Доста беа детски приказни, лажни ветувања и убедувања, неконструктивни критики и поделена одговорност.Време е да се погледнеме во очи и да си кажеме – сакаме или нејќеме убав и развиен Радовиш.Сакаме или нејќеме да дадеме се од себе и сите заедно да придонесеме за нашиот заеднички живот во оваа општина.Можеби, Градоначалникот Ацо Ристов и Советот на општина Радовиш, во првата година од работењето кај Вас не побудија некое посебно задоволство дека работат успешнои имаат со што да се пофалат.Во ред, но не е така ! Професионалниот пристап кон решавањето на проблемите, транспарентното споделување на информациите и воспоставувањето на високо ниво на соработка во првата година од работењето, одземаа многу време, но после многу години – ги поставија најцврстите темели за развој на Радовиш.И ќе се вратам на изјавата „Тек смо почели“.Да. Почнуваме нова иднина за Радовиш.Иднина во која мораме сите да се вклучиме.Ја имаме шансата да докажеме дека не е точна тезата на Мориц Романо дека „Ние радовишаните сме чешит народ. Меѓу нас сопки си тураме ама јабанџиите ги уважаваме„.Имаме шанса да докажеме дека, веќе Радовиш не е„касаба помеѓу Струмица и Штип“, туку дека е – модерен град со модерни населени места.И таков и ќе биде.Ни следува напорна и чесна работа.Ќе бараме поддршка и помош од сите Вас. Секој еден жител ќе биде вклучен во решавањето на проблемите.Од сите, без разлика дали се тука или во странство, дали се млади или стари, дали се македонци, турци или роми, од сите ќе бараме соработка. Немаме друг избор освен мирен, чист и развиен Радовиш !“ стои во објавата на Игор Чапов, ЕЛС Општина Радовиш.

Објавата на следниот линк: https://www.facebook.com/capov.igor

Прочитај повеќе

Радовиш

Меморијален Алпинистички собир „Зоран Мајсторски“ и годинава беше одржан на локалитет Плоча на Пилав Тепе во Радовиш

Media Press

Published

на

И годинава беше одржан Меморијален Алпинистички собир Зоран Мајсторски во организација на  АК Плоча од Радовиш.

Зоран Мајсториски кој веќе една година не меѓу нас, 13 години по ред го организираше 6-то ноемврискиот алпинистички собир, во чест на ослободувањето на Радовиш, а од минатата  година  во негова чест собирот е преименуван  во „Зоран Мајсторски“.

Собирот  се одржува по 15 пат на локалитетот Плоча кај  Пилав Тепе во Радовиш, и традиционално ќе се одржува секоја година. Годинава на високите карпи на локалитетот Плоча кои Зоран ги искачуваше со леснотија, беше поставена и спомен плоча посветена на големиот алпинист Зоран Мајсторски од неговите пријатели од Бугарија.

Присутните алпинисти со едноминутно молчење им оддадоа почит на загинатите алпинисти, Зоран и Драган кои трагично ги загубија своите животи на својата последна работна задача во Рудникот Бучим

Собирот беше од слободен карактер, се качуваа насоки по сопствен избор и способност. Учество земаа околу 20  качувачи од повеќе градови во Македонија меѓу кои и двајцата синови на Зоран Мајсторски, кои тој самиот ги воведе во алпинизмот. Зоран беше иницијатор и организатор на овој собир кој од година во година беше се по посетуван и добиваше меѓународен карактер.

Прочитај повеќе

Радовиш

Православните христијани денеска и утре ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите

Media Press

Published

на

Православните христијани денеска и утре ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите. Во црквите, овој ден отсекогаш бил одбележуван со света Литургија и панихида, на која свештеникот истура вино над житото, а по завршувањето на службата се посетуваат гробиштата.

Овој празник секогаш паѓа во пресрет на Светиот великомаченик Димитриј, затоа и се нарекува Митровдеска Задушница.

Свеќи се носат на гробовите, а свештениците вршат индивидуални панихиди и читаат молитви за починатиот. Ако не е можно да се оди на гробот на починатиот, им се служи панихида во црквата. Според учењето на Црквата, на Евхаристијата, верниците се молат во храмовите и гробиштата за упокојување на душите на мртвите, а прават и милостина.

На гробишта се носи храна, а според црковното правило, најважни се пченицата виното и лебот, се друго е по избор на верниците и нема потреба од претерано носење храна на гробишта.

Прочитај повеќе