Connect with us

Радовиш

ШЕСТОНОЕМВРИСКИ ТУРНИР во мал фудбал ќе се одржи во Радовиш

Media Press

Објавено на

Општина Радовиш и годинава организира Шестоноемвриски турнир во мал фудбал по повод одбележувањето на 6-ти Ноември денот на ослободувањето на Радовиш.

Турнирот започнува од сабота 29 октомври и ќе трае до следната сабота 5 ноември. Истиот ќе се одржи во СРЦ „25 Мај“ – Радовиш. Турнирот се одржува под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Радовиш.

Предвидени се богати награди па така за 1-во место е предвидено парична награда од 100.000 денари, второ место – 60.000 денари и трето место 30.000 денари.

Како што информираат од организациониот одбор, пријавување на екипите заврши до вчера 27 октомври – Четврток. Активностите ќе се одвиваат соглсно распоредот:

28.10.2022 – Петок 18:30 час. – Утврдување на групи и распоред

29.10.2022 – Сабота 18:00 час. – Почеток на натпреварите

05.11.2022 – Сабота 20:00 час. – Финални натпревари

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе