Радовиш
Голем број верници денеска го посетија манастирот Света Петка во Ињево
Објавено на
Од
Media PressПравославните верници денеска го слават празникот посветен на Преподобната Параскева или меѓу народот позната како Света Петка. По тој повод на манастирот Света Петка во Ињево денеска голем број верници присуствуваа на божествена литургија и на прослава во текот на целиот ден. Значењето на Преподобна Параскева е големо и црквата и верниците со посебна почит го чествуваат овој празник.

Света Петка се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. На денешното празнување на манастирот Света Петка во Ињево беше подготвен и манастирски ручек за околу 3.000 верници кои пристигаа не само од општина Радовиш туку и од други градови и села од земјава.

Во духот на вистински православни христијани верниците се помолија на иконата Света Петка и запалија свеќа за здравје а потоа се придружија на прославата.

Поврзани содржини

До утре 19.07, последен термин за пријавување на екипи за МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР 2003 -2025 во Ињево

Во ООУ ,,Орце Николов” с.Ињевo се спроведе симулациска вежба за евакуација и спасување на учениците и вработените при пожар во училиштето

На клучката кај Ињево, радовишко, при контрола пронајдена марихуана, лишени од сллобода четири лица

ООУ „Орце Николов“ од Ињево организира хуманитарна акција во храна и облека ,,Биди хуман за подобро утре”

Денеска е Преподобна Параскева, во народот позната како света Петка

До денеска истекува рокот за пријавување за учество во Меморијален турнир во мал фудбал во село Ињево – Радовиш
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

