Connect with us

Радовиш

Општина Радовиш ќе го реализира првиот капитален проект „Градски пазар“

Media Press

Published

на

Советот на општина Радовиш денеска ја одржа 18 редовна седница, за која беше предвиден дневен ред од 18 точки. На почетокот по кратките процедурални забелешки околу доставувањето на материјалите и терминот за одржување на Комисијата за финасирање и буџет, дневниот ред беше изгласан и Советот започна со работа со првата точка, Советнички прашања. Беа поставени неколку прашања на кои одговор даде градоначалникот Ацо Ристов.

Една од точките на дневен ред беше и Предлог Одлука за одобрување за склучување на Договор за одобрување долгорочен кредит помегу Општина Радовиш и Комерцијална банка АД Скопје за реализација на КАПИТАЛЕН ИНВЕСТИЦИОНЕН ПРОЕКТ,,ГРАДСКИ ПАЗАР, за која детално образложение даде градоначалникот Ацо Ристов. За реализација на овој проект Општина Радовиш ќе треба да се задолжи со кредит од 48 милиони денари или околу 780 илијади евра. Со 13 гласа ЗА и 5 воздражани, Советот на денешната седница даде одобрување за склучување на Договорот за кредит.

На денешната седница беа разгледувани и останатите точки од дневниот ред: Предлог Решение за разрешување на членови во Управен одбор во ЈОУДГ ,,Ацо Караманов” Радовиш;

Предлог Решение за именување на членови во Управен одбор во ЈОУДГ ,,Ацо Караманов” Радовиш;

Предлог Одлука за избор на членови на Одборот на директори на АД за производство на електрична енергија ЕЛРАД Радовиш;

Предлог Решение за избор на членови на Одбор на директори на Акционерско друштво за производство на електрична енергија ЕЛРАД Радовиш;

Предлог Одлука за одобрување финансиски средства на ЈПССО “Радовиш 2014” намети за фактури за комунални услуги за претходната година(заостанат долг) бр.05-100/1 од 19.10.2022 год, бр.12-39/50 од 19.10.2022 година;

Предлог Одлука за определување на крајбрежен појас на нерегулиран водотек река “Горелка”, Општина Радовиш, опфатен со Урбанистички план со намена Е1.13 површински соларни и фотоволтаични електрани за фотонапонска електроцентрала со капацитет до 1МW на дел од КП 1082 КО Сулдурци, Општина Радовиш бр.09-1007/6 од 02.06.2022 година;

Предлог Одлука за утврдување на висината и начинот на плаќање на надоместокот за изградба и одржување на паркови и зеленило;

Предллог-Измена и дополнување на Програма за уредување на градежно земјиште одржување на комунални објекти и локални патишта за 2022 година во општина Радовиш бр.08-1603/2 од 21.12.2021 година, бр.09-1605/4 од 20.10.2022г;

Предлог-Измена и дополнување на Годишна Програма за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Радовиш за 2022 година бр.09-1605/6 од 210.2022 г.;

Предлог Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Радовиш во областа на културата за 2022 година бр.08-1484/1 од 27.09.2022г. бр.09-1605/8 од 21.10.2022 г.;

Предлог Одлука за одобрување на финансиски средства на ЈПССО”Радовиш 2014”-Радовиш бр.08-39/47 од 17.10.2022 година;

Предлог Одлука за зголемување на цената на возниот билет на сите Дозволи за доделување општински патнички линии и регистриран возен ред доделени од Советот на Општина Радовиш бр.15-1605/9 од 21.10.2022 год.;

Квартален Извештај за извршување на буџетот на општина Радовиш Трет квартал 2022 година од 01.01.2022 до 30.09.2022 година, бр.05-248/8 од 19.10.2022 година;

Предлог одлука за измена на распоред на средства(трета пренамена) на Буџетот на Општина Радовиш за 2022 година бр.09-1605/3 од 20.10.2022 година;

Предлог Одлука за проширување на средствата на буџетот на општина Радовиш за 2022 година, бр.09-1605/5 од 21.10.2022 година; Усвојување на Извештаите на работните тела на Советот на општина Радовиш.

Радовиш

Општина Радовиш го сподели Предлог Буџетот за 2023 со јавноста

Media Press

Published

на

Општина Радовиш го сподели Предлог Буџетот за 2023 со јавноста, ни понатаму може да се доставуваат предлози и сугестии.

„Сите сугестии и забелешки од јавноста може да се достават на емаил: info@radovis.gov.mk или во архива во Општината, за да може да бидат земени во предвид и имплементирани пред доставување на Предлог буџетот до Советот“, велат од општината.

Предлог Буџет на општина Радовиш за 2023  (погледни) 

Прочитај повеќе

Радовиш

Во 2023 година Општина Радовиш ќе поддржи три велосипедски настани од кои еден голем планински маратон

Media Press

Published

на

Во 2023 година  Општина Радовиш ќе поддржи три велосипедски настани од кои еден голем планински маратон, ова го најави Велосипедската федерација на Македонија.

„Во општина Радовиш велосипедскиот клуб “Бел Камен” долги години го развива планинскиот велосипедизам. Во минатото Ацо Ристов како приватен стопанственик беше најголем поддржувач на локалниот клуб а сега како градоначалник уште повеќе се залага за развој на велосипедизмот и спортот воопшто во овој регион. Во 2023 година општината ќе поддржи три велосипедски настани од кои еден голем планински маратон на кој се очекува учество на повеќе стотини велосипедисти од сите краишта на Македонија“, стои во објавата од Велосипедската федерација на Македонија по средбата со градоначалникот Ацо Ристов и претседателот на велосипедскиот клуб “Бел Камен” од Радовиш, Ристе Кукутанов.

Прочитај повеќе

Радовиш

За прв пат во Радовиш отворен Центар за психосоцијална поддршка на жртви на семејно насилство

Media Press

Published

на

Жртвите на семејно насилство  од општините Радовиш и Конче отсега ќе можат да се обратат за помош во Центарот за психосоцијална поддршка на жртви на семејно насилство кој денеска беше отворен во зградата на поранешниот факултет во центарот на Радовиш. Како активност од втората компонента на проектот „Достапни и ефикасни, дигитални и социјални услуги на општините Радовиш и Конче“ беше отворен овој „Центар за поддршка на жени“. Носител на Проектот е УНДП и Бирото за регионален развој, а финансиски поддржан и од двете општини Радовиш и Конче на иницијатива и во соработка со здружението Женска акција од Радовиш.

Градоначалникот Ацо Ристов изрази благодарност до УНДП, до Бирото за регионален развој и до здружението „Женска акција“ за реализацијата на овој проект. Тој се надева дека нема да има потреба многу да се користи, но во случај да има потреба, жртвите можат да се обратат за помош, било да се работи за жени или за мажи.

Вакви центри во Македонија има 11 меѓу кои и центарот во Радовиш, според УНДП целта не е само да им се помога на жртвите туку и да се работи на превенција, рече Сања Бојаниќ, заменичка на постојаниот претставник на УНДП.  

Центарот е отворен во соработка со Женска акција од Радовиш и во него, психосоцијална поддршка на жртвите ќе дава психологот Кристина Коцева,   како и помош во посредство помеѓу институциите. Истиот ќе биде отворен секој ден од 09 до 17 часот.

Вредноста на Проектот е 3.600.000 денари, од кои УНДП и Бирото за регионален развој како носители, учествуваат со 2.600.000 денари и општините Радовиш и Конче со 1.000.000 денари.   

Центарот е отворен во склоп на 16 дена активизам против родовобазирано насилство, глобална акција која започнува на 25 ноември и завршува на 10 делември , рече Иванка Соколова од Женска акција која даде голем придонес во отворањето на овој центар и практично беше иницијатор на поектот.

Прочитај повеќе