Македонија
Денеска се одбележува Европскиот ден на правдата 25 октомври
Published
1 година agoна
By
Media PressДенеска се одбележува Европскиот ден на правдата 25 октомври, со отворени денови во судовите, средби со адвокатите, нотарите, извршителите, каде граѓаните одблиску имаа можност да се информираат и да добијат правни совети. Денеска се одбележува и две години од кампањата за подигање на свеста за бесплатна правна помош, која ја спроведува Министерството за правда за да им се овозможи на лицата кои живеат во сиромаштија да не им е ограничено уживањето и заштитата на нивните права.
За околу 200 проценти е зголемена бесплатната правна помош и за граѓаните од Општина Радовиш преку Подрачното одделение на Министерствот за правда во Радовиш, кое работи секој ден 7.30 до 15.30 часот во канцеларијата во општинската зграда.
Како што дознаваме од Даниела Свиркова дипломиран правник, виш соработник во Подрачното одделение во Радовиш, граѓаните бараат бесплатна правна помош по различни основи за имотно-правни спорови, должничко-доверителски односи, за прашања од пензиско и инвалидско осигурување, за застапување на жртви на семејно насилство, за остварување на социјална помош, за права на лицата со преченост, прашања поврзани со правата на детето, склучување и развод на брак, прашања поврзани со престанок на работниот однос, за спорови со осигурителни компании и за други потреби.
Законот предвидува давање на примарна и на секундарна правна помош, при што примарната предвидува запознавање со правата и обврските, советување и состав на едноставни обрасци во управна постапка, преставки до народен правобранител и Комисија за заштита од дискриминација како и состав на брања за заштита на слободи и права пред Уставен суд. Додека секундарната обезбедува стручна правна помош од адвокати, ослободување на корисникот од судски, и административни такси и други трошоци.
Министерот за правда Никола Тупанчески во своето обраќање по повод Европскиот ден на правдата и две години од одбележувањето на кампањата за подигање на свеста за бесплатна правна помош рече дека за 299% е зголемен бројот на граѓани кои примиле примарна правна помош а за секундарна за 125% во споредба со 2019 година.
Поврзани содржини
Македонија
Вработените од Национални шуми денеска на протести
Published
10 часа agoна
април 17, 2024By
Media PressТриесет подружници денеска се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“, со цел да го изразат незадоволството, бидејќи втор месец немаат добиено плата, ниту теренски додаток.
Претседателот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) Иван Пешевски, од протестот рече дека вработените се на своите работни места и не ги извршуваат задачите, оти се гневни и на менаџментот и директорот и на нивните раководители и сите претставници од власта кои земаат 80 отсто зголемени плати, а тие не дочекале да добијат втор месец плата.
Избори 2024
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вчера беше со жителите на општините Чашка и Свети Николе, а синоќа во Велес
Published
17 часа agoна
април 17, 2024By
Media PressЗаблагодарувајќи им се за масовното присуство, Пендаровски истакна дека имајќи предвид дека во изминатите пет години постојано бил меѓу своите сограѓани, тие знаат за што се залагал и знаат дека така ќе продолжи и во следниот мандат. Во оваа насока Пендаровски посочи на двете големи придобивки за земјата во последните неколку години, односно членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ.
„Затоа овие избори се многу важни. Не смееме да дозволиме да се врати претходната власт. Постигнавме добри договори, се смиривме и се договоривме со соседите. Тие сакаат одново да преговараат и да изгубиме уште 10-15 години”, подвлече Пендаровски.
Говорејќи дека како претседател не ги дискриминирал луѓето по ниту една основа и не ги делел на наши и на ваши, Пендаровски ги повика граѓаните на Чашка и на Свети Николе масовно да гласаат уште на првиот круг од изборите.
„Дајте да продолжиме со истите овие луѓе. Не ни треба пак да се караме внатре меѓу нас или пак да се караме со соседите. Мојот слоган е ,,Нашиот претседател” затоа што јас сум ваш, вие сте мои, сите сте наши”, подвлече Пендаровски.
Граѓаните побараа коментар и околу изјавите на Гордана Силјановска-Давкова дека е неопходна реформа на Уставот.
„Јас мислам дека нејзината изјава е многу поопасна. Значи, тие три години како политичка партија се борат против промена на Уставот, да не биле Бугарите дел од преамбулата на Уставот. Но госпоѓата не зборува за тоа. Таа зборува за нов Устав, внимавајте зборува за граѓански Устав. Дали во тој граѓански устав како што го нарекуваат ќе има воопшто место за Македонците? Според мене тоа е многу опасна идеја освен ако госпоѓата не се потруди да објасни што подразбира под нов, граѓански Устав” одговори Пендаровски.
Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва во Велес рече Силјановска да избере што ќе биде, претседател или врховен командант на Армијата. И порача дека без Преспанскиот договор нема членство во НАТО.
„Делумно е манипулација на нашите граѓани и потценување на нивната интелегенција, а делумно е зошто не знаат што зборуваат сега, што зборувале порано и што напишале во програмата. Пред 4 години госпоѓата има изјавено во една телевизиска емисија дека потписниците на Преспанскиот договор треба да бидат кривично гонети, треба кривично да одговараат. И сега велиш дека е добро што сме членка на НАТО. Епа госпоѓо, без Преспа нема НАТО”, одговори Пендаровски.
Избори 2024
Ставот на Ванковска, за намерата на Османи за напуштање на Open Balkan
Published
18 часа agoна
април 17, 2024By
Media Press„Иницијативата на Бујар Османи е удар на секој обид за функционално помирување и поврзување на земјите од регионот, кои уште не ги залечиле раните. Тој постапува како (голем) Албанец и ги покажува своите антисрпски сентименти заради кои ги жртвува дури и интересите на Македонија. Очигледно, во него нема штоф ниту за прв дипломат, а уште помалку за државник“ – ова е ставот на професорката Ванковска за намерата на Османи за напуштање на Open Balkan.
Денеска професрката Ванковска нема да има народни собири заради академски обврски на универзитетот. Со теренски активности продолжува во четврток во градот на Рацин, Велес.