Connect with us

Македонија

Денеска се одбележува Европскиот ден на правдата 25 октомври

Media Press

Published

на

Денеска се одбележува Европскиот ден на правдата 25 октомври, со отворени денови во судовите, средби  со адвокатите, нотарите, извршителите, каде граѓаните одблиску имаа можност да се информираат и да добијат правни совети. Денеска се одбележува и две години од кампањата за подигање на свеста за бесплатна правна помош, која ја спроведува Министерството за правда за да им се овозможи на лицата кои живеат во сиромаштија да не им е ограничено уживањето и заштитата на нивните права.

За околу 200 проценти е зголемена бесплатната правна помош и за граѓаните од Општина Радовиш преку Подрачното одделение на Министерствот за правда во Радовиш, кое работи секој ден 7.30 до 15.30 часот во канцеларијата во општинската зграда.

Како што дознаваме од Даниела Свиркова дипломиран правник, виш соработник во Подрачното одделение во Радовиш, граѓаните бараат бесплатна правна помош по различни основи за имотно-правни спорови, должничко-доверителски односи, за прашања од пензиско и инвалидско осигурување, за застапување на жртви на семејно насилство, за остварување на социјална помош, за права на лицата со преченост, прашања поврзани со правата на детето, склучување и развод на брак, прашања поврзани со престанок на работниот однос, за спорови со осигурителни компании и за други потреби.

Законот предвидува давање на примарна и на секундарна правна помош, при што примарната предвидува запознавање со правата и обврските, советување и состав на едноставни обрасци во управна постапка, преставки до народен правобранител и Комисија за заштита од дискриминација како и состав на брања за заштита на слободи и права пред Уставен суд. Додека секундарната обезбедува стручна правна помош од адвокати, ослободување на корисникот од судски, и административни такси и други трошоци.

Министерот за правда Никола Тупанчески во своето обраќање по повод Европскиот ден на правдата и две години од одбележувањето на кампањата за подигање на свеста за бесплатна правна помош рече дека за 299% е зголемен бројот на граѓани кои примиле примарна правна помош а за секундарна за 125%  во споредба со 2019 година.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Поевтини роаминг услуги за земјите од Западен Балкан со земјите од ЕУ, потпишан договор

Media Press

Published

на

Лидерите од Западен Балкан потпишаа договор за пониски роаминг цени во рамките на Самитот Западен Балкан – Европска Унија во Тирана.

Со овој договор од идната 2023 година Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и БиХ ќе имаат пониски тарифи во роаминг со земјите од Европската Унија.

Од македонска страна договорот го потпиша премиерот Димитар Коначевски, кој вели дека истиот договор по извесен период предвидува целосно укинување на роаминг тарифите за земјите од Западен Балкан со европските земји.

„Со овој договор од денес ќе сме поповрзани со земјите од ЕУ и ќе можеме полесно и побрзо да одиме по европскиот пат. Со овој договор се овозможува поголема поврзаност и практична и економска придобивка и за граѓаните и за бизнисот“, вели Ковачевски.

Прочитај повеќе

Македонија

При преглед кај грчки државјанин, пронајдени 1250 кутии шверцувани цигари

Media Press

Published

на

При преглед кај грчки државјанин, пронајдени 1250 кутии шверцувани цигари, информира Министерството за внатрешни работи.

Денеска (07.12.2022) во 00.15 часот на граничен премин Стар Дојран, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран, во координација со царински службеници откриле кривично дело „криумчарење“ по член 278 од Кривичниот законик.

При преглед во патничко возило „ауди А8“ со црногорски национални ознаки, управувано од С.П.(66) од Република Грција, во посебни прегради во багажникот биле пронајдени 1250 кутии цигари за кои не поседувал документација. Возилото и цигарите биле преземени од Царинската управа за понатамошна постапка“, стои во соопштението од МВР.

Прочитај повеќе

Македонија

Утре е државен празник во Македонија, неработен ден за сите граѓани

Media Press

Published

на

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07), 8 декември 2022 година (четврток), ‘’Св. Климент Охридски”, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

  Свети Климент Охридски  е роден 836 година е Македонец и сесловенски просветител, а умрел 916 година во Охрид, е еден од учениците на Кирил и Методиј кој учествувал во извршувањето на Моравската мисија.

Тој е еден од првите средновековни словенски светци, научник, писател и просветител на Словените. Бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј што заедно се поврзуваат со создавање на глаголското и кириличното писмо, особено нивното распространување помеѓу христијанизираните Словени. Свети Климент бил основач на Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој излегле 3500 подготвени ученици, и од страна на некои словенски народи се смета за покровител на образованието и јазикот. Тој се смета за прв Епископ Словенски со титула Епископ Велички.

Денеска Свети Климент Охридски се почитува како заштитник на Македонија, градот Охрид и Македонската православна црква.Во Бугарија е сметан за еден од седумте апостоли на Првото Бугарско Царство и еден од врвните светци на современата Бугарија.

 Во чест на светецот, во Македонија и Бугарија многу училишта, улици и државни институции го носат неговото име. Најголемата црква во Скопје (Соборниот храм) го носи името на Свети Климент, исто така Бугарската антарктичка база, универзитетот во Битола, Софискиот Универзитет и Националната и универзитетска библиотека на Македонија го носат неговото име.


Прочитај повеќе