Connect with us

Василево

Општина Василево заинтересирана за отварање Општинска канцеларија за соработка со дијаспората

Media Press

Published

на

Општина Василево има позитивен став по прашањето за отварање на функционална општинска канцеларија за соработка со дијаспората –  е ставот на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, по денешната средба со претставникот од кабинетот на Министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспората и понудата за потпишување Договор за отварање на општински Центар за дијаспора.

Денешната средба беше во функција на запознавање на Општина Василево со програмските определби за соработка со дијаспората и целта и функцијата која би ја имала општинската канцеларија како центар кој ќе има посредничка улога и воедно ќе овозможува пристап до потребните информации  на гараѓаните од дијаспората, за остварување на соодветните права и постапки пред надлежните институции.

По денешната прва средба, на која општина Василево изрази позитивен интерес, следен чекор е потпишување на Договор со Министерот задолжен за дијаспора, со кој ќе се регулираат правата и обврските на Владата и општина Василево.

Канцеларијата  – Центар за  дијаспора, ќе биде лоцирана во населеното место Василево, во просториите на зградата во која е сместена амбулантата.

Василево

Во насленото место Чанаклија спроведени повеќе активности во делот на комуналната сфера

Media Press

Published

на

Изминатите денови, во населеното место Чанаклија, општина Василево спроведе повеќе активности во делот на комуналната сфера, како што се чистење на дивата депонија  и интервенции и активности на уредување и расчистување на локалната патнаинфраструктура

„Исчистена е дивата депонија во населеното место Чанаклија.  Пробиени и порамнети се неколку улици од наноси на земја и песок во Чанаклија“, https://www.facebook.com/vasilevo24, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој и овој пат, како и многупати досега, повика на поодговорно однесување на сите граѓани. „Од сите нас зависи во каква општина ќе живееме. Свесноста и личната одговорност треба да ни се врвен приоритет. Да градиме одговорна заедница“, порача градоначалникот Андонов.

Во рамки на повеќедневните активности во ова населено место, општината интервенираше и во делот на локалниот пат  на самиот влез од селото, каде заради надминување на постојната, крајно лоша  состојба на асфалтот, истиот во еден дел е отстранет, местото е проширено, насипано и тампонирано, со што е олеснето одвивањето на сообраќајот во овој дел од селото. „Оваа активност произлезе од средбите со граѓаните на Чанаклија. Во наредниот период ќе го ставиме во планот да се асфалтира во рамки на нашите можности “, порача градоначалникот Славе Андонов.

Активностите на терен ги спроведуваше ЈПКД „Турија“ од Василево.

Прочитај повеќе

Василево

За околу три недели, заврши изградбата на улицата во Градашорци

Media Press

Published

на

Општина Василево ја заврши изградбата на улицата во населеното место Градашорци.

Денеска на лице место беше градоначалникот  на општината  Славе Андонов кој направи увид во сработеното. „За многу кратко време, отприлика три недели, комплетно се завршени сите планирани активности на оваа улица, па граѓаните што секојдневно ја користат добиваат несомнено квалитетно и трајно решение. Од аспект на целокупната инфраструктура на ниво на општина, изградбата на оваа улица значи чекор поблиску до поставената цел,односно во општина Василево да нема неасфалтирани  улици. Можеби звучи преамбициозно, но со добро планирање и многу работа секоја цел е достижна“, изјави  градоначалникот Андонов, по изградбата на улицата во Градашорци.

Оваа улица е  дел од Програмата за изградба на локални патишта и улица за 2022 година. Изградена со бекатон плочки, поставени на 570 м2. Должината на улицата изнесува 150 метри.

Средствата во висина од околу 620 000 денари се обезбедени од општинската каса.

Прочитај повеќе

Василево

Општински центар за соработка со дијаспората ќе биде отворен во Општина Василево

Media Press

Published

на

Општински центар за соработка со дијаспората ќе биде отворен во Општина Василево, за што денеска беше потпишан договор.  

Согласно националната стратегија за соработка со дијаспората е предвидено отварање на на вакви општински центри во дваестина руралните општини во државата.

 Градоначалникот Славе Андонов и министерот задолжен за дијаспората Џемаил Чупи, денеска потпиша договор за продлабочена соработка и идна комуникација со дијаспората, преку отварање на општинска канцеларија.

Договорот кој беше потпишан како што појасни министерот Чупи се состои од пет столба.

Како прв столб е креирање на база на податоци на наши активни здруженија во дијаспората. Потоа, втор столб е креирање на база на податоци на економската дијаспора со цел привлекување на странски инвестиции кои би дошле да инвестираат во својот роден крај.

Третиот столб е научната дијаспора, мапирање на луѓе професионалци  и научници, четвртиот столб предвидува заеднички програми од културата и петиот столб, збратимување на општините со што ќе се врши посети на тие општини во дијаспората и промоција на капацитетите на нашите  рурални општини.

 Ваков договор денеска беше потпришан и во Општина Ново Село и во општина Босилово.

Прочитај повеќе