Connect with us

Василево

Повик до граѓаните да се вклучат во креирање на Буџетот на општина Василево за 2023 година

Media Press

Published

на

Општина Василево ги поканува своите сограѓани да се вклучат во креирањето на Програмите и Буџет на општина Василево за 2023 година.

Заради поедноставување на процесот и поголема вклученост на граѓаните,  на својата веб страна, општината креираше посебна форма УЧЕСТВУВАЈ ВО ДОНЕСУВАЊЕТО НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ВАСИЛЕВО ЗА 2023 ГОДИНАhttp://opstinavasilevo.gov.mk/?page_id=12151, преку која на најбрз, едноставен и лесен начин граѓаните ќе може да ги достават своите предлози и идеи до општината.

 Учеството на граѓаните во буџетскиот процес е најважниот дел во креирањето на политиките и развојот на општината. Затоа, општина Василево, упатува отворена покана до сите свои граѓани, до 10.11.2022 година,   со сопствени предлози и идеи да се  вклучат во креирањето на Буџетот и на идниот развој на општината.

Предлозите и идеите може да се достават лично во просториите на општина Василево, во писмена форма преку архивата на општината,или  преку специјално за таа намена креираната форма  на нашата веб страна,  УЧЕСТВУВАЈ ВО ДОНЕСУВАЊЕТО НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ВАСИЛЕВО ЗА 2023 ГОДИНА

прикажи повеќе
Advertisement

Василево

Во насленото место Чанаклија спроведени повеќе активности во делот на комуналната сфера

Media Press

Published

на

Изминатите денови, во населеното место Чанаклија, општина Василево спроведе повеќе активности во делот на комуналната сфера, како што се чистење на дивата депонија  и интервенции и активности на уредување и расчистување на локалната патнаинфраструктура

„Исчистена е дивата депонија во населеното место Чанаклија.  Пробиени и порамнети се неколку улици од наноси на земја и песок во Чанаклија“, https://www.facebook.com/vasilevo24, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој и овој пат, како и многупати досега, повика на поодговорно однесување на сите граѓани. „Од сите нас зависи во каква општина ќе живееме. Свесноста и личната одговорност треба да ни се врвен приоритет. Да градиме одговорна заедница“, порача градоначалникот Андонов.

Во рамки на повеќедневните активности во ова населено место, општината интервенираше и во делот на локалниот пат  на самиот влез од селото, каде заради надминување на постојната, крајно лоша  состојба на асфалтот, истиот во еден дел е отстранет, местото е проширено, насипано и тампонирано, со што е олеснето одвивањето на сообраќајот во овој дел од селото. „Оваа активност произлезе од средбите со граѓаните на Чанаклија. Во наредниот период ќе го ставиме во планот да се асфалтира во рамки на нашите можности “, порача градоначалникот Славе Андонов.

Активностите на терен ги спроведуваше ЈПКД „Турија“ од Василево.

Прочитај повеќе

Василево

За околу три недели, заврши изградбата на улицата во Градашорци

Media Press

Published

на

Општина Василево ја заврши изградбата на улицата во населеното место Градашорци.

Денеска на лице место беше градоначалникот  на општината  Славе Андонов кој направи увид во сработеното. „За многу кратко време, отприлика три недели, комплетно се завршени сите планирани активности на оваа улица, па граѓаните што секојдневно ја користат добиваат несомнено квалитетно и трајно решение. Од аспект на целокупната инфраструктура на ниво на општина, изградбата на оваа улица значи чекор поблиску до поставената цел,односно во општина Василево да нема неасфалтирани  улици. Можеби звучи преамбициозно, но со добро планирање и многу работа секоја цел е достижна“, изјави  градоначалникот Андонов, по изградбата на улицата во Градашорци.

Оваа улица е  дел од Програмата за изградба на локални патишта и улица за 2022 година. Изградена со бекатон плочки, поставени на 570 м2. Должината на улицата изнесува 150 метри.

Средствата во висина од околу 620 000 денари се обезбедени од општинската каса.

Прочитај повеќе

Василево

Општински центар за соработка со дијаспората ќе биде отворен во Општина Василево

Media Press

Published

на

Општински центар за соработка со дијаспората ќе биде отворен во Општина Василево, за што денеска беше потпишан договор.  

Согласно националната стратегија за соработка со дијаспората е предвидено отварање на на вакви општински центри во дваестина руралните општини во државата.

 Градоначалникот Славе Андонов и министерот задолжен за дијаспората Џемаил Чупи, денеска потпиша договор за продлабочена соработка и идна комуникација со дијаспората, преку отварање на општинска канцеларија.

Договорот кој беше потпишан како што појасни министерот Чупи се состои од пет столба.

Како прв столб е креирање на база на податоци на наши активни здруженија во дијаспората. Потоа, втор столб е креирање на база на податоци на економската дијаспора со цел привлекување на странски инвестиции кои би дошле да инвестираат во својот роден крај.

Третиот столб е научната дијаспора, мапирање на луѓе професионалци  и научници, четвртиот столб предвидува заеднички програми од културата и петиот столб, збратимување на општините со што ќе се врши посети на тие општини во дијаспората и промоција на капацитетите на нашите  рурални општини.

 Ваков договор денеска беше потпришан и во Општина Ново Село и во општина Босилово.

Прочитај повеќе