Connect with us

Радовиш

Времена измена на сообракајниот режим во Радовиш

Media Press

Published

на

Почитувани сограѓани,

ЕЛС општина Радовиш, согласно Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата и Законот за Локална самоуправа а во врска одржување на манифестациите „Радовишки собор“ и „Самун ем Татлија“ донесе ОДОБРЕНИЕ за времена измена на режимот на сообраќајот.Времената забрана за сообраќај и времениот режим на сообраќај ќе започне од 29.09.2022 год (Четврток) и ќе трае до 03.10.2022 год. (Понеделник).Режимот на сообраќај за време на Манифестацијата „Самун ем Татлија“ во општина Радовиш е согласно доставениот сообраќаен проект и даденото Одобрение од СВР – Струмица а се однесува на улиците „22 Октомври“, „1 Мај“, „Коста Сусинов“ и ул.„Партизанска“.

Ве молиме за разбирање и се надеваме дека сите заедно ќе придонесеме за уште еднаш да ја прикажеме општина Радовиш како добар домаќин.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Општина Радовиш партнер-општина на Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите

Media Press

Published

на

УСАИД ги зајакнува капацитетите на општините за управување со јавните финансии и одговорно локално владеење

Општина Радовиш како партнер-општина на Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, на 2 декември 2022 година, градоначалникот Ацо Ристов, присуствуваше на Вториот годишен форум за локална самоуправа ”Партнерство за одржливи локални самоуправи“.

На форумот, беа презентирани измените и дополнувањата на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа со посебен осврт на финансиската нестабилност, Водичот за постапување на општините во услови на финансиска нестабилност и Кодексот за активна транспарентност на локално ниво, изработени од Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите. Исто така,беа презентиранипрепораките заефикасно следење на финансиската состојба на општината, навремено откривање на условите за настанување на финансиска нестабилност на општината,  како и креирање и спроведување мерки кои би и’помогнале на општината за брзо надминување на финансиските проблеми и враќање на општината во услови на нормално финансиско работење.

На форумот воведни обраќања имаа: заменикот шеф на Мисијата во амбасадата на САД, г. Ерик Мејер, министерот за финансии, г. Фатмир Бесими и министерот за локална самоуправа, г. Ристо Пенов, и Бардул Марку,директор на Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.

На настанот присуствуваа претставници од институциите на централната власт, градоначалници, претставници на Собраниската комисија за локална самоуправа, Здружението на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС, Државниот завод за ревизија,  и претставници од донаторската заедница.

Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурситее петгодишен проект (2021-2026) којги поддржува општините во зголемување на сопствените извори на приходи, обезбедување поголемо надворешно финансирање и поефикасна реализација на општинските буџети. Дополнително во соработка со локалната и централната власт, ја подржува нивната заложба за унапредување на децентрализацијата и јакнење на општинските надлежности. Досега 39 локални самоуправи се вклучени во проектните активности, а се очекува до крајот на проектот, да бидат опфатени сите останати. За да ја постигне оваа цел, Проектот тесно соработува со Министерството за финансии и Министерството за локална самоуправа и е во координација со другите донатори и ЗЕЛС.

Прочитај повеќе

Радовиш

Утре, во СРЦ „25 мај“ во Радовиш, натпревар помеѓу РК Радовиш и РК Скопје

Media Press

Published

на

РК Радовиш активно се подготвува за натпреварот во СУПЕР ЛИГА со РК Скопје, кој ќе се одигра на домашен терен, во Спортската сала “25 во Радовиш, утре, сабота 22 октомври, со почеток во 18 часот.

„Иако досега немавме поголеми успеси сепак се чувствуваме подготвени за утрешниот натпревар и алудираме на победа. Ја повикуваме радовишкта публика да дојде во што поголем број за да не бодри од трибините“, рече Живко Андонов, член на тренерскиот тим на РК Радовиш.

Инаку РК Радовиш одигра 5 натпревари од кои 2 нерешени и 3 порази. За натпреварот со РК Скопје активно се подготвуваат и се надеваат на победа, да ги израдуват радовишани и нивните поддржувачи.

Прочитај повеќе

Радовиш

Изложба на фотографии од ,,Русија најубавата земја,,

Media Press

Published

на

Во склоп на манифестацијата „Самун ем Татлија“ која се одрѓжа минатиот викенд, беше поставена изложба од фотографии од Руското географско друштво на Србија и гостите од Србија со Професор Мирољуб Миличич од Факултетот за Географија при Универзитетот во Белград.Оваа изложба со наслов „Русија најубавата земја“ пријави голем интерес од постителите, кои имаа можност да ги погледнат прекрасните фотографии кои се колаж од финалисти избрани од конкурсот кој во Русија се организира секоја година.

16166 sharesLikeCommentShare

Прочитај повеќе