Connect with us

Радовиш

Радовиш, домаќин на САЕМ ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ – ЛАГ ЕКСПО 2022

Avatar

Published

на

Денес за прв пат во Радовиш, но и во Македонија се одржува САЕМ ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ – ЛАГ ЕКСПО 2022. Учесници се тимот на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежата за рурален развој на Северна Македонија и Балканската мрежа за рурален развој поддржана од We Effect, во соработка со ЛАГ Плачковица како домаќин и ЛАГ Абер 2015, ЛАГ Беласица-Огражден, ЛАГ Бојмија и ЛАГ Малеш-Пијанец како партнери. На настанот се обратија Џери Дајбл, претставничка на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија и Абдулшуќур Абедини заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Помеѓу присутните се и градоначалници на општините од регионот како и претставници од граѓанскиот и приватниот сектор од државата и земјите од Западен Балкан и ЕУ. ЛАГ ЕКСПО 2022 е прв саем од ваков тип во нашата земја каде низ презентации и панел дискусии претставници на Локалните акциски групи (ЛАГ-ови) од Македонија, Албанија, Србија, Косово и Хрватска ги претставија своите активности и дискусии за локалниот развој кој ги засега сите рурални заедници. САЕМСКАТА МАНИФЕСТАЦИЈА започна со свечено отварање од страна на градоначалникот на општина Радовиш г-дин Ацо Ристов. Поставени се штандови од повеќе општини кои ги претставија своите производи и активности кои се реализираат на териториите на ЛАГ-овите Бојмија, Беласица-Огражден, Малеш-Пијанец, Абер 2015 и Плачковица, пропратено со пригодна културно-уметничка програма.Целта на настанот е да се презентираат и да се споделат искуствата на Локалните акциски групи од Република Северна Македонија, како и од земјите на Западен Балкан и Европската Унија согласно LEADER пристапот како дел од политиките за локален/рурален развој.Програмата на УСАИД за развој на заедницата го унапредува одржливиот развој на руралните средини во Северна Македонија преку зголемена вклученост на локалните чинители во препознавање и приоретизација на вистинските потреби на заедницата – при тоа потпирајќи се на сопствените ресурси и на зголемениот ангажман на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор во заедничките социо-економски и еколошки иницијативи.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.

„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш

Avatar

Published

на

Бидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.

Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.

Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.

Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.

Прочитај повеќе

Радовиш

На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината

Avatar

Published

на

На 24.03.2024 во времето до 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе