Connect with us

Радовиш

Отворена првата сензорна соба во ООУ Крсте Петков Мисирков во Радовиш, наменета за ученици со посебни потреби

Avatar

Published

на

Во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш денеска е отворена првата сензорна соба, наменета за ученици со посебни потреби, а во рамките на проектот „Биди ИН, биди инклузивен биди инклудиран“, финансиран од ЕУ од страна на фондацијата Чекот по чекор. Станува збор за просторија во која учениците со попреченост ќе можат да поминат одреден период од денот, во случај да имаат проблем со следење на наставниот процес.

Истата од денес ќе може да ја користи стручниот тим на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ и во неа ќе се поттикнува аудитивниот, визуелниот, физичкиот и тактилниот развој кај учениците со и без пречки во развојот или образовни потешкотии во ова училиште.

Главниот фокус на проектот како што рече Елена Мишиќ, тим лидер на проектот „Биди ин, биди инклузивен, биди инклудиран“ е доделување на стипендии на ученици со посебни потреби и обезбедување на грантови за подобрување на пристапноста и квалитетот на настава на децата со посебни потреби.

На денешното отварање на првата сензорна соба во Радовиш беше присутен и градоначалникот Ацо Ристов кој рече дека  како локална самоуправа ќе продолжат да работат на сеопфатно и инклузивно основно образование.

„Се работи за проект кој што ќе помага на децата уште во раната возраст. Ова е прв пат во Радовиш што се случува, но се надевам не и последен. Сите ќе се вклучиме и реално ќе помогнеме од теорија инклузивноста да се спроведе во пракса“, рече градоначалникот Ристов

Оваа сензорна соба е опремена со посебни реквизити, материјали и сензорно осветлување кое има смирувачко дејство врз учениците. Од името на училиштетото благодарност изрази директорката Лујза Спасова, која рече дека заеднички ја направиле оваа сензорна соба, се во интерес на поквалитетно образование.

Проектот го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со своите партнери, Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“ а во соработка со Министерството за образование и наука.

Инаку во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ учат околу 1.200 ученици.

Радовиш

Реконструкција и санација на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Започна реконструкцијата и санацијата на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, каде се одржуваат сите културни манифестации од општината и други јавни собири.

Градоначалникот Ацо Ристов, кој изврши увид во работните активности рече дека наредната година целосно ќе се реконструира внатрешноста на овој дом со комплетно ентериерно уредување, бидејќи како што рече радовишани се емоционално поврзани со овој дом и затоа ќе се реконструира но ќе ја задржи автентичноста.

Плафонот на ЦК „Ацо Караманов“ се реконструира со средства обезбедени од донација од рудникот Бучим.

Прочитај повеќе

Радовиш

Жител нa село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче

Avatar

Published

на

Жител нс село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче и случајот бил пријавен во Полициска станица Радовиш од трето лице.

Имено вчера во Полициската станица Радовиш, В.К. од село Дедино, општина Конче, пријавил дека на 26.11.2023 околу 22.00 часот во село Дедино И.Ј. од село Дедино бил физички нападнат од С.Ѓ. од село Конче.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот информира СВР Струмица, ОВР Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во библиотеката во Радовиш

Avatar

Published

на

Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во ОНБ Браќа Миладиновци“ во Радовиш, а во организација на Општина Радовиш и Здружението „Отворете ги прозорците“.

 Ова е дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ подржан од „Детската Фондација Песталоци“.

Целта на оваа дебата е претставници од различни институции од областа на образование и социјална заштита, локални самоуправи, организации, сервисни служби, родители и бизнис заедницата, заеднички да продискутираат за предизвиците и иницијативите за креирање поинклузивни практитки и можности за секое дете.

На Јавната дебата покрај Општина Радовиш учество ќе земат и училишта и претставници од локалните самоуправи од општините Радовиш и Конче.

Јавната дебата ќе започне со почеток во 12 часот и ќе трае до 14 часот.

Прочитај повеќе