Радовиш
Од денеска започна да функционира зонското паркирање во Радовиш со наплата
Published
1 година agoна
By
Media PressНема повеќе бесплатно паркирање во централното подрачје на Радовиш. Од денеска започна да функционира зонското паркирање во Радовиш со наплата, проект кој го реализира градоначалникот Ацо Ристов на барање на граѓаните за да се реши сообраќајниот хаос во градот.
Како што информира ЈП Плаваја Радовиш, на секој одбележан паркинг се наоѓа информативна табла за начинот на наплата на паркингот. Сите корисници кои сакаат да поднесат барање за месечна резервација може да отидат во просториите на ЈП„Плаваја“ Радовиш во Одделението за паркинзи. Исто така барања може да се поднесат и во шалтерот за наплата лоциран до Центарот за култура „Ацо Караманов“.
Барањата за резервации се поднесуваат секој работен ден од 07:00 до 15:00 часот, стои во известувањето од ЈП Плаваја. За сите потребни информации може да се јавите на телефон 075-253-352,.
Од ОО на СДСМ од Радовиш на вчерашната прес- конференција реагираа во врска со периодот на отпочнување, потоа околу цената од 30 денари за еден час, како и најавениот бесплатен паркинг за граѓаните во централното градско подрачје.
Поврзани содржини
Нов паркинг простор за вработените во ООУ Никола Карев од Радовиш но и за останати граѓани
ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО КОРИСНИЦИТЕ ОД ЈАРГУЛИЦА, ПОКРАЈЧЕВО И ЗЛЕОВО
ЈП Плаваја со известување за прекин на водоснабдувањето, на левата страна од течението на Радовишка река
Левата страна на Радовиш, ДЕЛОВИ ОД ЧЕТВРТА И ТРЕТА УРБАНА ЗАЕДНИЦА останува без вода поради дефект
Зонското паркирање во Радовиш започна да функционира и во пракса, се испраќаат првите пораки за платено паркирање
Од понеделник 19 Септември, започнува да функционира зонското паркирање во Радовиш, со наплата
Радовиш
Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите
Published
2 дена agoна
септември 29, 2023By
Media Press
Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.
„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.
Радовиш
Регионална средба во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш
Published
2 дена agoна
септември 29, 2023By
Media Press
Регионална средба на библиотекари од јавни и училишни библиотеки денеска беше одржана во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш. Тема на расправа на средбата беше „Евидентирање на библиотеките од Македонија и нивно регистирање во светската библиотекарска организација ИФЛА“.
На средбата учествуваа библиотекари од југоисточниот регион, од Валандово, Богданци, струмица и Штип.
Радовиш
Завршена изградбата на помошен објект при Домот на културата „Ацо Караманов“ во Радовиш
Published
2 дена agoна
септември 29, 2023By
Media Press
Успешно заврши проектот „Реконструкција на Домот на културата Ацо Караманов во Радовиш“ за изградба на помошен објект – натстрешница која има за цел оградување на самата зграда на Домот на култура. Оваа нова структура има значајна услужна функција, осигурувајќи полесен пристап од дворот до бината на салата на Домот.

Овој проект е имплементиран од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со партнерство на о.Радовиш во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој, со финансиска поддршка од Бирото за регионален развој.


Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите

Регионална средба во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш

Завршена изградбата на помошен објект при Домот на културата „Ацо Караманов“ во Радовиш

Во понеделник координативен состанок на субјектите, учесници на манифестацијата “СAМУН ем ТАТЛИЈА 2023“ во Радовиш
