Василево
Со механизација, ангажирана од општина Василево се чисти поројот во село Сушево
Published
1 година agoна
By
Media Press
Со механизација, ангажирана од општина Василево, деновиве во населеното место Сушево се одвиваат активности за чистење на отворениот канал, попознат како порој. Големи количини на наталожена земја и вегетација се отстрануваат од коритото на каналот, чија примарна функција е апсорбирање и канализирање на водите кои надоаѓаат за време на врнежи и можат да бидат особено опасни, доколку неконтролирано се излеваат.
Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, ги најави и планираните активности кои ќе се реализираат во наредните денови. „Во населеното место Сушево наредните денови ќе се изврши уредување и на јавните површини во пресрет на празникот Рождество на Пресвета Богородица“.
За наредниот период, како што најави Андонов во населеното место Василево, планирано е и чистење на бетонскиот трапезен канал, во близина на ООУ „Гоце Делчев“ во Василево.
Поврзани содржини
Василево
Градоначалникот Андонов во Сушево по повод новиот објект на Месната заедница
Published
7 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
„Денес, на денот кога се празнува Свети Јован Златоуст, присуствував на осветување на новиот објект на месната заедница во населеното место Сушево“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24, кој на покана од жителите од с. Сушево беше дел од црковниот обред на осветување на објектот.
„Денес е посебен ден за Сушево бидејќи добиваат објект кој долго време го очекуваа. Овој објект ќе биде користен и од страна на месната заедница но и од нашата гордост КУД ,,Сушевски Бисери”, додадава градоначалникот Андонов кој упати честитки за жителите и за нивната организираност и посветеност во развојот на нивното населено место. „Благословено нека е“, стои во објавата на градоначалникот Андонов.

Василево
Подготовка за асфалтирање на улица во Добрашинци, Општина Василево
Published
1 недела agoна
ноември 24, 2023By
Media Press
Општина Василево спроведува градежни активности на подготовка на една од улиците за асфалтирање во населеното место Добрашинци. Конкретно се работи на тампонирање на улицата по што ќе следува и нејзино асфалтирање.
На лице место беше градоначалникот на општина Василево Славе Андонов заедно со дел од своите соработнмици, при што се информираше за текот и динамиката со која ќе се реализира наредната финална фаза.
Должината на оваа улица изнесува 130 метри, а ширината е околу 3 метри, односно онолку колу што дозволуваат фактичките услови на терен. Вкупниот Буџет за нејзина реализација изнесува 397 025 денари, обезбедени од сопствените извори на приходи.
Улицата се реализира во рамки на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици во општина Василево за 2023 година.

Василево
Заменик министер за труд и социјална политика, Енвер Хусејин во посета на општина Василево
Published
1 недела agoна
ноември 23, 2023By
Media Press
Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, денеска беше домаќин на заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин, кој беше во работна посета на општината.
На состанокот во кабинетот на Градоначалникот главно се разговараше за тековните состојби и проблемите во работењето со кои се соочува детската градинка „Прва радост“ во Василево. Средбата беше во насока на изнаоѓање на решенија со што би се оптимизирало тековното работење на оваа установа, која подолг период има проблеми во делот на вработувањето на персонал неопходен за нормално одвивање на секојдневниот воспитно-едукативен и згрижувачки процес.

На состанокот се разговараше и за состојба на новата детска градинка во с. Ангелци, која сеуште не е ставена во функција.
По состанокот во кабинетот на градоначалникот на кој присуствуваше и директорот на ЈОУДГ „Прва радост, Василево, Игор Илиев, заменик министерот беше во посета и на градинката „Прва радост“ во Василево, каде на лице место се запозна со поединостите и карактеристиките, условите во кои функционира, како и потребите неопходни за нормалното функционирање на оваа установа во иднина.

На средбата присуствуваше и Билент Исинов, членот во Советот на општина Василево од Демократската партија на Турците на Македонија.

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
