Connect with us

Македонија

СДСМ:Иницијативата на Мицкоски за референдум е спротивна на македонскиот Устав. ВМРО -ДПМНЕ:Џафери не е Уставен судија да толкува Устав

Avatar

Published

на

Иницијативата на Мицкоски за референдум е спротивна на македонскиот Устав, на државните и национални интереси и треба да се отфрли, е ставот на СДСМ по отфрлањето на иницијативата за референдум од страна на спикерот Џафери.

„Уставот како највисок правен акт е јасен: Во член 118, јасно предвидува дека Меѓународните договори што се ратификувани се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со Закон.

Договорот за добрососедство е меѓународен договор и согласно Уставот неговото правно дејство не може да се менува.

Очигледно е дека Мицкоски намерно ја има смислено и поднесено оваа иницијатива на правно неиздржан начин, спротивно на македонскиот Уставот. Само за да создава тензии, да го манипулира народот, свесен дека нема да успее“, соопштуваат од партијата.

 Реакцијата доѓа откако синоќа претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, ја отфрли иницијативата за спроведување референдум за поништување на Законот за ратификација на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија како неуставна.

„Џафери и власта не се во право по најмалку два основа. Џафери не е Уставен судија да толкува Устав, второ ова е билатерален договор, каде се спори законот за ратификација кој има сила на закон, а не меѓународен договор, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

„Со поништувањето на Законот за ратификација ќе престанеше важењето на договорот со Бугарија, зошто меѓународните договори важат само доколку се ратификувани.

Антимакедонската СДС избега од референдум само затоа што се плаши од народот и знае дека никој не го поддржува договорот со Бугарија“, стои во соопштението од центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Avatar

Published

на

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, распиша јавен повик за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, за мерката 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, односно подмерка 121.12 Набавка на комбајни за жито.

Како корисници се јавуваат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во МЗШВ, согласно Законот за земјоделство и рурален развој, и поседуваат минимум 10 хектари обработлива земјоделска површина под пченица, јачмен, р`ж, тритикале и/или овес.

Максималната вредност на кофинансирана сума по корисник изенсува 3 милиони денари. Финансиските средства се наменети за инвестиции во набавка на комбајни за жито. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

Крајниот рок за доставување на барањата е до 30 декември 2023 година. Заинтересираните земјоделци своите барања ги поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk.

Повеќе информации за повикот, како и упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на барање, земјоделците можат да погледнат на веб страната на АФПЗРР www.ipardpa.gov.mk

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците, да се заознаат со условите од јавниот повик и навремено да аплицираат, искористувајќи ја можноста за поддршка, модернизирајќи го своето земјоделско производство.  

Прочитај повеќе

Македонија

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Avatar

Published

на

Министерот за надворешни работи Бујар Османи сподели видео во кое се гледа трансформацијата на салата Борис Трајковски во Скопје за одрќување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ.

„Погледнете ја трансформацијата на салата Борис Трајковски. Подготвени сме за одржувањето на 30-от министерски состанок на ОБСЕ!Чест ми е што имаме можност да го организираме еден од најголемите настани што некогаш е направен во земјава“, напиша Османи.

Прочитај повеќе

Македонија

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје

Avatar

Published

на

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје, МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 29.11.2023 (среда) од 13.00 часот, па сѐ до завршување на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) 2023 година на 30.11.2023 (четврток), кој ќе се одржува во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, за сообраќај ќе бидат затворени бул.„Илинден“, и тоа од крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“ до крстосницата со ул.„Љубљанска“ и бул.„8 Септември“, од крстосницата со ул.„Скупи“ до крстосница со бул.„Партизански одреди“.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.

МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Прочитај повеќе