Македонија
Левица ќе даде парламентарна и теренска поддршка за спроведување на Референдумот, во духот на семакедонското обединување
Published
1 година agoна
By
Media Press
Иако опозициската иницијатива за задолжителен дополнителен референдум со кој би престанало важењето на контроверзниот Закон за ратификација на Договорот за добрососедство со Бугарија содржи несреќно формулирано референдумско прашање, сепак – во духот на семакедонското обединување и јакнење на фронтот против окупационата влада на СДС и ДУИ – Левица ќе даде парламентарна и теренска поддршка за спроведување на Референдумот!, се вели во соопштението на Левица.
Во продолжение во соопштението на политичката партија Левица се вели:
„Договорот со Бугарија од 2017-та, потпишан од страна на корумпираниот квислинг Заев, е основата врз кој подоцна – преку капитулантскиот и недостоинствен т.н. француски предлог, преговаран од страна на петоколонашите Ковачевски, Маричиќ и Османи – беше октроиран од страна на официјален Брисел. Европската унија, позната по нејзината непринципиелност во случајот со Македонија, целосно ги занемери Копенхагенските критериуми, станувајќи спонзор на национал-шовинистичките претензии на соседна Бугарија, воскреснувајќи ги опасните ванчомихајловистички идеи и инкорпорирајќи ги истите како дел од преговарачката рамка со Унијата.
Сомнежот и претпазливоста кои се будат кај македонскиот народ во однос на намерите и искрените мотиви на иницијаторите на овој референдум се оправдани. Освен досегашниот политички багаж и историјат на соучесништво во спроведувањето на серија антимакедонски политички процеси – какви што се срамните примери со Охридскиот и со Преспанскиот договор – зачудува фактот зошто е одлучено на Референдумот да се гласа „ЗА“, наместо „ПРОТИВ“ – следејќи го духот на Јулските простести против бугаризацијата на Македонците!? Левица смета дека е тактички погрешно вака формулираното референдумско прашање, бидејќи истото го руши природниот континуитет меѓу најмасовните антивладини протести и самото народно изјаснување.
Со оглед на интригите, притисоците и нелегитимноста на власта, како и проблематичниот Избирачки список, упатуваме јавно предупредување дека евентуалниот неповолен епилог од референдумот (немањето цензус) не смее да послужи како алиби за идната власт – затоа што екстремно штетниот Договор со Бугарија, кој директно задира во македонскиот јазик и идентитет, може да биде суспендиран со просто мнозинство во Собранието! Оттука, неговото целосно укинување за нас е прашање на принцип и највисок јавен интерес, и ова ќе биде наш услов за евентуална поддршка на идната Влада, по следните парламентарни избори – без оглед дали тие ќе бидат редовни или вонредни.
Оттука, го повикуваме македонскиот народ да ги надмине постоечките несогласувања и да не потпаѓа под влијание на неговите странски негатори и домашни непријатели. Во овој критичен историски момент не смееме да дозволиме да бидеме поделени по линија на ситните разлики, а во корист на нивните крупни намери за бугаризација и наша системска асимилација, преку методот на историски ревизионизам и сеење туѓи великобугарски пропаганди.
Дојдено е времето за организирано и масовно пружање Отпор за рушење на оваа пробугарска, мафијашка, неофашистичка хунта! Затоа, го повикуваме спикерот Талат Џафери да не се дрзнува да смислува процедурални пречки за почеток на процедурата за собирање на уставно предвидените 150.000 потписи, бидејќи по промената на власта и падот на овој хибриден режим, истиот ќе подлежи на соодветен кривично-правен прогон по кратка постапка.
Левица, како самостоен и неизвалкан политички субјект кој изникна како чиста совест на нацијата, го задржува правото да води своја сопствена предреферендумска кампања за успешен исход на овој значаен процес, кој го гледаме само како чекор до конечното ослободување на Македонија и на македонскиот народ од домашните колаборационисти, сороспии и предавници.
Смрт на фашизмот – слобода на народот!“, се наведува во соопштението на Левица.
Поврзани содржини
Левица со поддршка на протестот најавен за денеска – одговорност од највисоките институции за Онкологија
Левица: Европската комисија потврди: Рамковниот балансер НЕ ГИ ИСПОЛНУВА ЦЕЛИТЕ
Левица: Министерката, која што доби покачување на платата од рекордни 78%, тврди дека покачувањето од 6% на пензиите е доволно за пензионерите
Левица: Нема европска држава со етничка припадност во изводи – Левица ќе оспори пред Уставен суд
ЛЕВИЦА преку автентично толкување бара НАМАЛУВАЊЕ НА ФУНКЦИОНЕРСКИТЕ ПЛАТИ
Левица: Бугарската официјална политика ја загрозува ДРЖАВНАТА БЕЗБЕДНОСТ
Македонија
МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито
Published
24 часа agoна
декември 1, 2023By
Media Press
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, распиша јавен повик за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, за мерката 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, односно подмерка 121.12 Набавка на комбајни за жито.
Како корисници се јавуваат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во МЗШВ, согласно Законот за земјоделство и рурален развој, и поседуваат минимум 10 хектари обработлива земјоделска површина под пченица, јачмен, р`ж, тритикале и/или овес.
Максималната вредност на кофинансирана сума по корисник изенсува 3 милиони денари. Финансиските средства се наменети за инвестиции во набавка на комбајни за жито. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.
Крајниот рок за доставување на барањата е до 30 декември 2023 година. Заинтересираните земјоделци своите барања ги поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk.
Повеќе информации за повикот, како и упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на барање, земјоделците можат да погледнат на веб страната на АФПЗРР www.ipardpa.gov.mk
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците, да се заознаат со условите од јавниот повик и навремено да аплицираат, искористувајќи ја можноста за поддршка, модернизирајќи го своето земјоделско производство.
Македонија
Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ
Published
3 дена agoна
ноември 29, 2023By
Media Press
Министерот за надворешни работи Бујар Османи сподели видео во кое се гледа трансформацијата на салата Борис Трајковски во Скопје за одрќување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ.
„Погледнете ја трансформацијата на салата Борис Трајковски. Подготвени сме за одржувањето на 30-от министерски состанок на ОБСЕ!Чест ми е што имаме можност да го организираме еден од најголемите настани што некогаш е направен во земјава“, напиша Османи.

Македонија
Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
Published
3 дена agoна
ноември 29, 2023By
Media Press
Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје, МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 29.11.2023 (среда) од 13.00 часот, па сѐ до завршување на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) 2023 година на 30.11.2023 (четврток), кој ќе се одржува во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, за сообраќај ќе бидат затворени бул.„Илинден“, и тоа од крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“ до крстосницата со ул.„Љубљанска“ и бул.„8 Септември“, од крстосницата со ул.„Скупи“ до крстосница со бул.„Партизански одреди“.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.
МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
