Connect with us

Струмица

Струмица одбележа 78 години од своето ослободување

Media Press

Published

на

Со положување на свежо цвќе Струмица одбележа 78 години од своето ослободување.

 По тој повод општина Струмица организираше пригодна свеченост на Спомен костурницата на паднатите борци, а за значењето на овој голем ден, зборуваше Дениза Стамболиева член на Советот на општина Струмица.

„Седумдесет и осум години слободна Струмица се 78 години непречен развој, тоа се 78 години безрезервна љубов помеѓу слободниот град и неговите слободни чеда. Денес треба и мора да бидеме горди на празникот што го празнуваме, на слободата што ја славиме, на градот во кој битисуваме. Слободата треба катадневно да ја живееме и да ја чуваме, а градот треба да го надградуваме онака како што доликува и по мерка на сите оние кои живеат во него. И за едното и за другото потребно е љубов, обединетост, разбирање и многу, многу заеднички труд. Зошто? Затоа што оваа наша Струмица подеднакво ни припаѓа на сите“, рече Стамболиева.

Свежо цвеќе положија повеќе делегации.

Струмица

Намален интересот за користење на природен гас во Струмица

Media Press

Published

на

Прочитај повеќе

Струмица

Реконструиран објектот на итната медицинска служба во Струмица

Media Press

Published

на

Прочитај повеќе

Струмица

Во текот на вчерашниот ден се случиле две сообраќајни несреќи во струмичко

Media Press

Published

на

Вчера во 05.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат кој води од крстосница со магистрален пат А4 кон село Доброшинци, струмичко, В.В.(54) од село Чанаклија, струмичко, управувајќи товарно моторно возило „ивеко“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.М.(38) од Струмица, а возачот и сопатникот С.Р.(26) од Струмица се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Исто така вчера околу 15.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на улица „24-ти Октомври“ во Струмица, М.К.(25) од село Дабиле, струмичко, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со струмички регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко моторно возило „шевролет“ со струмички регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кој бил пренесен во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Прочитај повеќе