Connect with us

Радовиш

Со положување на свежо цвеќе Општина Радовиш го одбележа 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија

Media Press

Објавено на

Денеска во Радовиш на свечен начин со положување свежо цвеќе беше одбележан Денот на независноста на Република Македонија, 8 Септември.

По повод 31 година од прогласувањето на независноста и самостојноста на државата, во присуство на повеќе поканети гости од општествено, политичкиот и стопански живот во Радовиш како и вработени во општинската администрација, свежо свеќе беше положено на спомен обележјето пред зградата на ЕЛС Општина Радовиш.

Свежо цвеќе положија делагација предовдена од секретарот на Општина Радовиш Љупче Почивалец, придружуван од двајцата пратеници Коле Чаракчиев и Здравко Трајанов. Потоа цвеќе полижи и делегација од Полициската саница во Радовиш.

До сите граѓани беше упатена честитка за Денот на незвисноста од име на Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов. 

На 8 септември 1991 година со убедливо мнозинство од 95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?

Денот на независноста на Македонија е државен празник кој се празнува на 8 септември. Празникот популарно е наречен и 8-ми Септември и ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе