Connect with us

Струмица

Битиќи во посета на Струмица: Комплетно завршени 36 проекти од ТАВ програмата

Media Press

Published

на

Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, заедно со градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов и генералниот директор на ТАВ, Метин Батак извршија увид на работата на започнатите работи на –  Регулација на поројот Св. Илија до улив во река Водочница во Струмица, проект што се реализира преку ТАВ програмата.

Вицепремиерот Битиќи потсети дека пред една година беа потпишани 94 договори за реализација на инфраструктурни проекти во сите плански региони или во 75 општини низ целата земја, во вредност од 49,7 милиони евра.

Дополнувајќи дека досега проектите имаат одлична реализација и сите се во временските рокови на планирана изведба.

„Денеска, по една година, веќе комплетно се завршени 36 инфраструктурни проекти или реализирани се над 15 милиони евра од планираните средства, а останатите проекти, како овој, се во тек и нивната реализација се очекува да биде во планираниот рок, односно до крајот на 2023 година и ова е одлична реализација!

Среќен сум што денеска, ден пред 8 Септември – Денот на независноста, можеме заедно да споделиме вакви вести и да сме горди на зајакнувањето на инфраструктурата на локално ниво, за сите граѓани низ целата земја“, изјави Битиќи.

Градоначалникот Костадинов истакна дека овој проект е одличен пример за соработка помеѓу локалната и централната власт и општествено одговорните инвеститори, а во интерес на решавање на проблемите со коишто се соочуваат граѓаните.

„Со добиените средства во износ од 1,4 милиони евра (86.700.000 денари) од програмата на ТАВ, уредуваме 2.300 метри од вкупната должина на поројот којашто изнесува 2.800 метри.

Досега се реализирани 65 проценти од армирано – бетонските работи или во должина од 1.800 метри и 30 проценти од камената облога на коритото или во должина од 850 метри. Уредувањето треба да обезбеди стабилизација на коритото и бреговите на поројот, подобрување на заштитата од големи води и подобрување на еколошките и естетските аспекти на околниот терен“, изјави Костадинов.

Генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак изјави дека со овој проект ќе се спречат потенцијални поплави при поројни дождови, бидејќи неговата улога е дренажа на атмосферските води.

„Половина од работата е завршена, а останатиот дел од речното корито долго 2 километри ќе биде готов до предвидениот рок.

Веруваме дека оваа инвестиција ќе придонесе за подобрување на квалитетот на граѓаните на Струмица, како впрочем и сите 94 инфраструктурни проекти на општините и Владата финансирани од ТАВ со вкупна вредност од 49,7 милиони евра”, дополни директорот Батак.


прикажи повеќе
Advertisement

Струмица

Намален интересот за користење на природен гас во Струмица

Media Press

Published

на

Прочитај повеќе

Струмица

Реконструиран објектот на итната медицинска служба во Струмица

Media Press

Published

на

Прочитај повеќе

Струмица

Во текот на вчерашниот ден се случиле две сообраќајни несреќи во струмичко

Media Press

Published

на

Вчера во 05.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат кој води од крстосница со магистрален пат А4 кон село Доброшинци, струмичко, В.В.(54) од село Чанаклија, струмичко, управувајќи товарно моторно возило „ивеко“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.М.(38) од Струмица, а возачот и сопатникот С.Р.(26) од Струмица се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Исто така вчера околу 15.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на улица „24-ти Октомври“ во Струмица, М.К.(25) од село Дабиле, струмичко, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со струмички регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко моторно возило „шевролет“ со струмички регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кој бил пренесен во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Прочитај повеќе