Connect with us

Струмица

Големата Get EXITed забава ќе се одржи утре, 7 септември во Градскиот парк во Струмица

Media Press

Published

на

Големата Get EXITed забава ќе се одржи утре, 7 септември во Градскиот парк во Струмица, а ќе настапат возбудливите имиња од светската и регионалната музичка сцена – Дебора Де Лука, Махмут Орхан, Сенида и Кристијан Молнар ќе приредат летна забава за паметење! Поддршката од домашната сцена пристигнува со настапите на Дина Јашари и Другари, 21 Век и диџеите Гоце С.А.Ф. и Чваре (Фанки Фреш), а посебна атмосфера и врвно искуство за сите посетители на настанот ќе обезбедат винските и гастрономските специјалитети, по кои Македонија е надалеку позната. Програмата почнува во 19 часот, а влезот е слободен за сите посетители.

Портите во Градскиот парк ќе бидат отворени во 19:00, кога ќе започне и настапот на составот  Дина Јашари и Другари, а во 19:45 пред публиката ќе се претстави и култниот македонски бенд 21 Век. Диџејската увертира од 20:35 часот ќе ја приредат Диџеј Гоце САФ и Диџеј Чваре (Фанки Фреш), по што во 21:40 бината ќе ја освои регионалната трап-кралица Сенида. Исчекуваниот настап на глобалниот хитмејкер, продуцент и диџеј Махмут Орхан закажан е за 22:55, а половина час по полноќ пултот ќе го преземе едно од најбараните регионални диџејски имиња Кристијан Молнар. Get EXITed забавата ќе ја круниса италијанската техно-ѕвезда Дебора Де Лука, која ќе настапи во 02:00.

Дел од Get EXITed забавата ќе биде и разновидниот вински и гастрономски саем, кој ќе почне во 19 часот и ќе трае во текот на целата вечер.  На саемот пристигнуваат најдобрите винарии и локалните произведувачи на традиционални органски специјалитети на македонската кујна. Некои од најдобрите готвачи од најпознатите струмички ресторани и учениците на СОУ „Димитар Влахов“ од угостителско – туристичката струка, профил готвач, заедно ќе подготвуваат локални специјалитети. Дел од саемот ќе бидат и штандовите на малите произведувачи и земјоделци со органски производи.

„Временската прогноза за среда, 7 септември најавува сончево и топло време со температура и до 30 степени, идеално за највозбудливата летна журка во струмичкиот Градски парк во срцето на градот“, посетуваат од општина Струмица.

Струмица

Намален интересот за користење на природен гас во Струмица

Media Press

Published

на

Прочитај повеќе

Струмица

Реконструиран објектот на итната медицинска служба во Струмица

Media Press

Published

на

Прочитај повеќе

Струмица

Во текот на вчерашниот ден се случиле две сообраќајни несреќи во струмичко

Media Press

Published

на

Вчера во 05.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат кој води од крстосница со магистрален пат А4 кон село Доброшинци, струмичко, В.В.(54) од село Чанаклија, струмичко, управувајќи товарно моторно возило „ивеко“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.М.(38) од Струмица, а возачот и сопатникот С.Р.(26) од Струмица се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Исто така вчера околу 15.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на улица „24-ти Октомври“ во Струмица, М.К.(25) од село Дабиле, струмичко, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со струмички регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко моторно возило „шевролет“ со струмички регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кој бил пренесен во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Прочитај повеќе