Connect with us

Радовиш

Ранчиња и комплет прибор за сите првачиња во Општина Радовиш, донација од компанијата Адора инженеринг

Media Press

Published

на

Со заедничка иницијатива  на градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов и проф, д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на градежната компанија Адора инженеринг како и заменик генералниот директор, Душко Чифлиганец,  беа обезбедени 280 ранчиња за сите првачиња во Општина Радовиш.

По тој повод градоначалникот Ристов и проф,  д-р Ванчо Чифлиганец денеска ги посетија двете училишта Никола Карев и Крсте Петков Мисирков во Радовиш и лично им ги подарија ранците на првачињата, притоа им посакаа среќен почеток на 280 првачиња од Радовиш со ранци и комплетен училишен прибор за да редат големи успеси во учењето и во животот и  успешна учебна година.

На радоста на првачињата и немаше крај, а добија и многу поучни пораки.

„Сакани првачиња не можам да Ви опишам колку пријатно се чувствувам што сум денес со Вас и што барем за еден момент ме вративте 60 години назад, на моите неполни 7 години кога зачекорив во училиште, кога прв пат седнав во школска клупа. Како Вие денес на вашите пионерски години, исполнети со радост, со фантазии, кога сонувате што ќе бидете во иднина, во вашиот светол живот.

До пред само неколку дена си игравте со вашите другарчиња во дворовите, на игралиштата, бевте механичари (сигурно сте ги поправале и расклопувале вашите играчки-автомобили) во вашите игри бевте и инженери (градевте кули од песок) докотори, медицински сестри, учителки, полицајци, а денес сте веќе во школските клупи каде што треба да научите, да стекнете знаења за да Ви се остварат Вашите желби, беа само дел од пораките кои ги упати до првачињата проф, д-р Ванчо Чифлиганец.

Градоначалникот на Општина Радовиш, Ацо Ристов од срце им го честита почетокот на учебната година на првачињата на кои им посака многу нови другарства и многу знаења за да се развијат во чесни и одговорни личности. Тој се заблагодари на донаторот проф, д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на градежната компанија Адора инженеринг како и заменик генералниот директор, Душко Чифлиганец, со надеж дека како во образованието наскоро ќе остварат соработка и во бизнис секторот, се за доброто на Радовиш.

Директорите на двете училишта се заблагодарија за вредната донација.

Радовиш

Радовиш, домаќин на САЕМ ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ – ЛАГ ЕКСПО 2022

Media Press

Published

на

Денес за прв пат во Радовиш, но и во Македонија се одржува САЕМ ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ – ЛАГ ЕКСПО 2022. Учесници се тимот на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежата за рурален развој на Северна Македонија и Балканската мрежа за рурален развој поддржана од We Effect, во соработка со ЛАГ Плачковица како домаќин и ЛАГ Абер 2015, ЛАГ Беласица-Огражден, ЛАГ Бојмија и ЛАГ Малеш-Пијанец како партнери. На настанот се обратија Џери Дајбл, претставничка на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија и Абдулшуќур Абедини заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Помеѓу присутните се и градоначалници на општините од регионот како и претставници од граѓанскиот и приватниот сектор од државата и земјите од Западен Балкан и ЕУ. ЛАГ ЕКСПО 2022 е прв саем од ваков тип во нашата земја каде низ презентации и панел дискусии претставници на Локалните акциски групи (ЛАГ-ови) од Македонија, Албанија, Србија, Косово и Хрватска ги претставија своите активности и дискусии за локалниот развој кој ги засега сите рурални заедници. САЕМСКАТА МАНИФЕСТАЦИЈА започна со свечено отварање од страна на градоначалникот на општина Радовиш г-дин Ацо Ристов. Поставени се штандови од повеќе општини кои ги претставија своите производи и активности кои се реализираат на териториите на ЛАГ-овите Бојмија, Беласица-Огражден, Малеш-Пијанец, Абер 2015 и Плачковица, пропратено со пригодна културно-уметничка програма.Целта на настанот е да се презентираат и да се споделат искуствата на Локалните акциски групи од Република Северна Македонија, како и од земјите на Западен Балкан и Европската Унија согласно LEADER пристапот како дел од политиките за локален/рурален развој.Програмата на УСАИД за развој на заедницата го унапредува одржливиот развој на руралните средини во Северна Македонија преку зголемена вклученост на локалните чинители во препознавање и приоретизација на вистинските потреби на заедницата – при тоа потпирајќи се на сопствените ресурси и на зголемениот ангажман на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор во заедничките социо-економски и еколошки иницијативи.

Прочитај повеќе

Радовиш

Радовиш ќе биде домаќин на САЕМ ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ – ЛАГ ЕКСПО 2022, во организација на ЛАГ Плачковица

Media Press

Published

на

Радовиш ќе биде домаќин на САЕМ ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ – ЛАГ ЕКСПО 2022. На поставени штандови од 18 општини, околу 50 изложувачи ќе ги претстават своите производи и активности кои се реализираат на териториите на ЛАГ-овите. Саемот ќе се одржи во петок, на 23 септември 2022 година, пред Центарот за култура „Ацо Караманов” во Радовиш, со почеток во 14:00 часот, во рамките на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежата за рурален развој на Македонија и Балканската мрежа за рурален развој поддржана од We Effect, во соработка со ЛАГ Плачковица како домаќин и ЛАГ Абер 2015, ЛАГ Беласица-Огражден, ЛАГ Бојмија и ЛАГ Малеш-Пијанец како партнери.

САЕМСКАТА МАНИФЕСТАЦИЈА ќе започне во 14:00 часот, со свечено отварање од страна на градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов а домаќин ќе биде ЛАГ Плачковица.

ЛАГ ЕКСПО 2022 е прв саем од ваков тип во Радовиш и во Македонија, каде низ презентации и панел дискусии претставници на Локалните акциски групи (ЛАГ-ови) од Македонија, и гостите од Албанија, Србија, Косово Босна и херцеговина и Хрватска ќе ги претстават своите активности и ќе дискутираат за локалниот развој кој ги засега сите рурални заедници.

САЕМСКАТА МАНИФЕСТАЦИЈА ќе започне во 14 часот и ќе трае до 18 часот. Целта на настанот е да се презентираат и да се споделат искуствата на Локалните акциски групи од Република Македонија, како и од земјите на Западен Балкан и ЕвропскатаУнија

Прочитај повеќе

Радовиш

Реализиран настан „Возење велосипеди – промовирање на велосипедот како превозно средство“ во организација на ООУ Никола Карев, Радовиш

Media Press

Published

на

ООУ „Никола Карев“, Радовиш денеска реализира настан „ВОЗЕЊЕ ВЕЛОСИПЕДИ – ПРОМОВИРАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕДОТ КАКО ПРЕВОЗНО СРЕДСТВО.

„Настанот се организира по повод Меѓународниот ден на мирот – 21 Септември и Меѓународниот Ден без автомобили 22 Септември, а во согласност со програмата на училиштето за одбележување на еколошки и други важни датуми“, истакна директорот на ООУ Никола Карев, Радовиш, Кире Јанковски.

Настанот се реализира со ученици од предметна настава за време на 4-ти час.

Истиот беше обезбеден со полициска придружба и асистенција на утврдената маршрута, со претходно доставено барање до надлежниот орган, ОВР Радовиш.

Прочитај повеќе