Струмица
Да ги заштитиме децата во сообраќајот!- Превентивна активност на СВР Струмица
Published
1 година agoна
By
Media Press
Денеска (02.09.) Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Струмица во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, на неколку локации во близина на основните училиштата во Струмица спроведе превентивна активност посветена на сообраќајната безбедност на учениците.
Притоа полициските службеници во информативно-едукативните разговори со основците им презентираа повеќе важни правила и прописи од чие што почитување, меѓу другото, зависи безбедноста во сообраќајот.
Исто така полициските службеници ја искористија можноста во разговор и со граѓаните, во близина на основните училишта, како учесници во сообраќајот, да им се укаже за нивните обврски кон пешаците, за забраната за паркирање на возила на пешачки премини, на тротоари и пред самите влезови на училиштата.

Во рамките на оваа активност од страна на полициските службеници и на учениците, но и на другите учесници во сообраќајот им делеа едукативни печатени материјали за безбедноста во сообраќајот .

Поврзани содржини
Две лица од Радовиш, лишени од слобода поради извршување на повеќе кривични дела „тешка кражба“, „кражба“…
Пријава во Полициската станица Радовиш, била физички нападната
Пронајдена дрога кај лица од Радовиш, при контроли на планината Плачковица
Приведен разбојник во Струмица, физички нападнал 63 годишна жена
Сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и мотоцикл се случила во Радовиш
Приведен радовишанец кој подметнал пожар во зграда на булевар „Александар Македонски“
Струмица
Општина Струмица и официјално е примена во Мрежата на силни градови во светот
Published
7 дена agoна
септември 27, 2023By
Media Press
Општина Струмица и официјално е примена во Мрежата на силни градови во светот кои имаат пристап и механизми за справување со негативните појави кои доведуваат до насилство.
Градоначалникот Костадин Костадинов со видео порака ги информира граѓаните дека Струмица им се придружи на повеќе од 210 градови и општини ширум светот, посветени на застапување, спроведување и споделување на локални пристапи за справување со сите форми на екстреимизам, поларизација кои можат да доведат до насилство.
Струмица
Денеска се навршуваат 79 години од ослободувањето на Струмица
Published
3 недели agoна
септември 11, 2023By
Media Press
Денеска се навршуваат 79 години од ослободувањето на Струмица. Овој најголем празник за струмичани беше одбележан со пригодна свеченост којашто се одржа на Спомен костурницата.
За историското значење на овој ден и за придобивките што тој на градот му ги донесе во изминатите 79 години, пред присутните на одбележувањето зборуваше градоначалникот Костадин Костадинов, кој меѓу другото рече:

-„Слобода“, тоа не е само обичен збор напишан на хартија или едноставно изговорен. Слобода е нешто многу повеќе од тоа. Тоа е нешто што треба да се чува како најголемо и најдрагоцено богатство. Струмица и струмичани треба да бидат среќни што ја имаат таа слобода цели седум децении и девет години. Но Струмица и струмичани треба да знаат и дека таа слобода не паднала од небо, ниту пак некој туку така им ја подарил. Струмица и струмичани мора да ги повторуваат спомените од минатото кои велат дека таа слобода во наше име некои ја извојувале, со непокор, верба, љубов и пролеана крв.79 години слободна Струмица, тоа значи 79 години – надградба на традиционалните вредности, 79 години – надеж и стремеж кон подобро, поубаво и посреќно утро, 79 години – прогрес и растеж, и конечно 79 години – љубов и верност помеѓу Струмица и струмичани. Сето тоа е убава основа за влез во иднината. Сето тоа е поучно четиво кое треба да се повторува. Сето тоа е убаво парче од мозаикот на севкупното постоење на овој град“ рече меѓудругото градоначалникот Костадинов.

Градоначалникот Костадинов во свое лично име и во името на Општината, со полагање свежо цвеќе им оддаде почит на загинатите борци, а цвеќе положија и претставници на на институции, организации и политички партии.Во чест на празникот, се одржа и мал револуционерен митинг од членовите на рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Мучето“.

Струмица
Се превртел трактор во Дабиле – струмичко, возачот починал на местото на несреќата
Published
4 недели agoна
септември 5, 2023By
Media Press
Вчера во 14.40 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Дабиле, струмичко, П.Б.(75) од село Дабиле, управувајки трактор „имт“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над тракторот и се превртел. Од здобиените повреди П.Б. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Седум најдобри извори на КОМПЛЕТНИ ПРОТЕИНИ: Можете да ги вклучите во вашата секојдневна исхрана

Листа на нај-економични Дизел Автомобили

ЈП Плаваја со известување до граѓаните на Општина Радовиш и сите продавачи и купувачи на производи кои се продаваат на зелени пазари

Опуштен Euro 7 стандард : Малите автомобили ќе преживеат
