Connect with us

Василево

Среќен почеток првачиња- им порача градоначалникот Андонов на првачињата во општина Василево

Media Press

Published

на

„Среќен почеток и успешна училишна година. Драги првачиња, денес сум овде за Вас. Од мое име и од име на општина Василево, Ве поздравувам, Ви посакувам добредојде во училиштето кое од денес ги отвара вратите за  Вас како во ваш втор дом во кој секојдневно ќе поминувате време со вашите другарчиња и наставници кои ќе ве воведуваат во светот на знаењето.

Ви посакувам со радост да доаѓате, да се дружите со другарчињата и секојдневно со нови знаења да се збогатувате“, им посака градоначалникот на општинна Василево Славе Андонов на првачињата во општина Василево, кои денес за прв пат како ученици го пречекорија училишниот праг.  За поубав почеток Општината за сите првачиња подготви бесплатен училишен прибор.

Добредојде и желби за здравје, знаење и успеси им упатија и директорите на двете основни општински училишта Дејан Стојанов од ООУ „Гоце Делчев“  и Соња Ничева од ООУ „Атанас Нивичански“. Повозрасните другарчиња пак им посакаа добредојде  со специјално за нив подготвена програма.

Сшоред информација од училиштата, вкупниот број на запишани ученици во прво одделение на ниво на општина е 99 од кои 60 во ООУ „Гоце Делчев“ и 39 во ООУ„Атанас Нивичански“, но и од двете училишта нагласуваат дека согласно искуството од претходните години, очекуваат оваа бројка да претрпе корекции одреден број дечиња  ќе бидат запишани деновиве, по што ќе се знае и конечната бројка.

прикажи повеќе
Advertisement

Василево

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов оствари средба со претставници на Европската академија на регионите

Media Press

Published

на

Денес, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, во својот кабинет оствари средба со  членовите на одборот на EAR-AER Европската академија на регионите – Académie européenne des regions, Luis Deklart и Nelu Neacsu кои како партнери на  БИЦСР(Business Innovation Center Strumica), со финансиска поддршка од владата на Фландрија (Белгија) во периодот од 24-28 септември 2022 година, преземаат мисија за утврдување на фактите во Северна Македонија.

Целта на мисијата е да се сретне со претставници на регионални и локални власти, непрофитни здруженија и претставници на бизниси за да ги информира за активностите и услугите на Академијата, да ги информира за можностите за финансирање од ЕУ програми и фондови и да обезбеди насоки за зголемување на ефикасноста на проекти што ќе ги подготват во рамките на процесот на усогласување со ЕУ.

Прочитај повеќе

Василево

Во Сушево се одржа Mеѓународен фолклорен фестивал „Весело на сред село“

Media Press

Published

на

Викендот во селото Сушево во организација на КУД „Сушевски бисери“, а под покровителство на Општина Василево се одржа првиот Меѓународен фолклорен фестивал „Весело на сред село“.

На фестивалот, покрај домаќините настапија и КУД „Негорци“ од Негорци, ФА „Подарешани млади“ од Подареш, гостите од Србија и Бугарија, Здружението „Марко Цара Миланович“ од Каоник, Крушевац, НЧ „Антон Панов-1962“ од село Самуилово, Петрич, ЖПГ „Самуилски славеи“ и Танцова група и Танцова школа „Тепсихора“ од Дупница.

Добредојде на сите учесници им посака градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој истакна дека токму преку овој фолклорен фестивал со музиката и фолклорот се навраќаме на нашите корени, на изворот од каде ја црпиме енергијата, ги оживуваме спомените кои не поврзуваат низ годините и се наша водилка и инспирација за следните предизвици.

Прочитај повеќе

Василево

Со механизација, ангажирана од општина Василево се чисти поројот во село Сушево

Media Press

Published

на

Со механизација, ангажирана од општина Василево, деновиве во населеното место Сушево се одвиваат активности за чистење на отворениот канал, попознат како  порој. Големи количини на наталожена земја и вегетација се отстрануваат од коритото на каналот, чија примарна функција е апсорбирање и канализирање на водите кои надоаѓаат за  време на врнежи и можат  да бидат особено опасни, доколку неконтролирано се излеваат.

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, ги најави и планираните активности кои ќе се реализираат во наредните денови.  „Во населеното место Сушево наредните денови ќе се изврши уредување и на јавните површини во пресрет на празникот Рождество на Пресвета Богородица“.

За наредниот период, како што најави Андонов во населеното место Василево,  планирано е и чистење на бетонскиот трапезен канал, во близина на ООУ „Гоце Делчев“ во Василево.

Прочитај повеќе