Connect with us

Струмица

Костадинов: На сите наши празници славиме датуми од минатото, само 1 Септември е ,,празник” во кој ја славиме иднината

Media Press

Published

на

Градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов со видео честитка им го честита почетокот на новата учебна година на сите ученици во општината. На родителите им порача дека нивните деца ќе учат во современи, модерни и чисти училишни простории за што во текот на летниот период се направени неколку реконструкции и градежни зафати на училиштата. притоа се набавени и нови нагледни средва и опрема за училиштата.

„Денеска во сите основни и средни училишта во општина Струмица, наставата започна успешно, на задоволство на сите ученици и наставници.

Драги родители, секој еден од вас го посакува најдоброто за своето дете. Затоа, верувајте и вложувајте во нив, секој ваш влог е влог во нашата заедничка иднина.

На сите ученици од основното и средното образование од нашата општина им го честитам почетокот на новата 2022/2023 година и им посакувам успех во учењето.Тоа особено се однесува на првачињата и учениците од прва година во трите средни училишта“, стои во честитката на Костадинов по повод првиот училишен ден.

прикажи повеќе
Advertisement

Струмица

Намален интересот за користење на природен гас во Струмица

Media Press

Published

на

Прочитај повеќе

Струмица

Реконструиран објектот на итната медицинска служба во Струмица

Media Press

Published

на

Прочитај повеќе

Струмица

Во текот на вчерашниот ден се случиле две сообраќајни несреќи во струмичко

Media Press

Published

на

Вчера во 05.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат кој води од крстосница со магистрален пат А4 кон село Доброшинци, струмичко, В.В.(54) од село Чанаклија, струмичко, управувајќи товарно моторно возило „ивеко“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.М.(38) од Струмица, а возачот и сопатникот С.Р.(26) од Струмица се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Исто така вчера околу 15.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на улица „24-ти Октомври“ во Струмица, М.К.(25) од село Дабиле, струмичко, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со струмички регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко моторно возило „шевролет“ со струмички регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кој бил пренесен во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Прочитај повеќе