Connect with us

Радовиш

Бучим и Боров Дол објавуваат привремен прекин на процесот на производство

Media Press

Published

на

Во пресрет на професионалниот празник на рударите како и големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица, заштитничка на рударите, рудниците за бакар Бучим и Боров Дол на своите вработени и на сите колеги во рударската индустрија им го честитаат Денот на рударите – 28 Август.

„По повод празникот, за посветеноста на рударите кон нивната работа и во знак на благодарност за вложениот труд, сите 674 вработени добија парични награди, а на најдобрите 27 рудари од страна на менаџментот им беа врачени плакети и специјални парични награди за нивниот особен придонес помеѓу двата празника. На општините Радовиш и Конче, чествувајќи го Денот на рударите и потврдувајќи ја својата заложба за континуирана, конструктивна и колаборативна соработка во насока кон развој на заедниците,   рудниците доделија донација во висина од по 5.000 евра, кои општините ќе ги искористат за реализација на проекти од областа на културата и инфраструктурата.

Оваа година е година на голем предизвик во работата на целата индустрија и економија во меѓународни рамки. Уште од почетокот на енергетската криза и порастот на цените, она што се исправи како најголем предизвик пред компаниите е издржаниот опстанок на пазарот. Поради новата ситуација, погодени од енормниот пораст на цената на електричната енергија, голем дел од компаниите во индустријата го стопираат производството поради нерентабилност и нестабилност. Но и во вакви моменти, рудниците Бучим и Боров Дол сепак ќе продолжат со веќе отпочнатиот инвестиционен циклус, што значително ќе придонесе во подобрувањето на перформансите на компанијата.  И покрај актуелните услови, инвеститорите и менаџментот на Бучим и Боров Дол посветено работеа на тоа да се најде решение како рудниците да продолжат да работат, при што донесено е одлука да се продолжи со реализирање на капиталните инвестиции и во наредниов период интензивно да се работи на модернизација на производниот процес во рудникот Бучим и отпочнување на инвестициско вложување во обновливи извори на енергија.

За таа цел почнувајќи од 01 септември 2022 година, Бучим и Боров Дол ќе прекинат со процесот на производство на определен период во кој што е планирано да се завршат двата капитални инвестициони проекти, а имено:

  • целосна замена на флотомашините со нова опрема, која што е дизајнирана и изработена од светски реномираната компанија Метсо Оутотек, со што рудникот Бучим ќе има најсофистицирана опрема за обработка на бакарна руда и производство на бакарен концентрат. Проектот за модернизација започна да се реализира уште од септември 2021 година, притоа, во наредниот период се очекува испораката на опремата;
  • изградба на фотонапонска централа за производство на електрична енергија, со што ќе се постигне намалување на зависноста од цената на електричната енергија на отворениот пазар. Во текот на месец јануари, 2022 година, компанијата започна со реализација на активности во рамките на овој проект.

За време на реализирањето на овие капитални инвестиции, ќе се продолжи со континуираните геолошки истражување, каде што до денешен ден се евидентирани дополнителни количини на руда кои што ќе го продолжат животниот век на рудниците за дополнителни 5 до 7 години. Исто така, несомнено е дека текот на привремениот застој, рудниците ќе се придржуваат и ќе ги исполнуваат своите обврски согласно издадените А-интегрирани еколошки дозволи‚ ќе се врши мониторинг, а воедно ќе се разгледуваат можности за унапредување на намалувањето на влијанието на рудниците врз животната средина.

Во текот на привремениот прекин со производство вработените  ќе бидат платени согласно законските прописи во РСМ, при што  дел од вработените ќе бидат задолжени за тековното одржување на опремата, а во текот на инвестиционите зафати, вработените ќе бидат дополнително ангажирани зависно од потребата.

Претстојниот период на привремениот застој, рудниците ќе го искористат за ефикасна и брза реализација на стратегиските одлуки во однос на инвестициските проекти.  

Целта на компанијата е одговорно вложување во корист на сегашните и идните генерации, преку подобрување на производствените перформанси, подобрување на условите за работа на рударите и одржлив развој на заедниците и покрај опкружувањето полно со предизвици. Долгорочно гледано, овие инвестиции освен што ќе го продолжат социјалниот и економскиот развој на регионот и државата, ќе придонесат и за динамизирање на „зелениот” раст и развој, максимизација на производството и развој на одржливи работни места“; стои во соопштението од рудниците Бучим и Боров Дол, Радовиш.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Радовиш, домаќин на САЕМ ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ – ЛАГ ЕКСПО 2022

Media Press

Published

на

Денес за прв пат во Радовиш, но и во Македонија се одржува САЕМ ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ – ЛАГ ЕКСПО 2022. Учесници се тимот на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежата за рурален развој на Северна Македонија и Балканската мрежа за рурален развој поддржана од We Effect, во соработка со ЛАГ Плачковица како домаќин и ЛАГ Абер 2015, ЛАГ Беласица-Огражден, ЛАГ Бојмија и ЛАГ Малеш-Пијанец како партнери. На настанот се обратија Џери Дајбл, претставничка на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија и Абдулшуќур Абедини заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Помеѓу присутните се и градоначалници на општините од регионот како и претставници од граѓанскиот и приватниот сектор од државата и земјите од Западен Балкан и ЕУ. ЛАГ ЕКСПО 2022 е прв саем од ваков тип во нашата земја каде низ презентации и панел дискусии претставници на Локалните акциски групи (ЛАГ-ови) од Македонија, Албанија, Србија, Косово и Хрватска ги претставија своите активности и дискусии за локалниот развој кој ги засега сите рурални заедници. САЕМСКАТА МАНИФЕСТАЦИЈА започна со свечено отварање од страна на градоначалникот на општина Радовиш г-дин Ацо Ристов. Поставени се штандови од повеќе општини кои ги претставија своите производи и активности кои се реализираат на териториите на ЛАГ-овите Бојмија, Беласица-Огражден, Малеш-Пијанец, Абер 2015 и Плачковица, пропратено со пригодна културно-уметничка програма.Целта на настанот е да се презентираат и да се споделат искуствата на Локалните акциски групи од Република Северна Македонија, како и од земјите на Западен Балкан и Европската Унија согласно LEADER пристапот како дел од политиките за локален/рурален развој.Програмата на УСАИД за развој на заедницата го унапредува одржливиот развој на руралните средини во Северна Македонија преку зголемена вклученост на локалните чинители во препознавање и приоретизација на вистинските потреби на заедницата – при тоа потпирајќи се на сопствените ресурси и на зголемениот ангажман на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор во заедничките социо-економски и еколошки иницијативи.

Прочитај повеќе

Радовиш

Радовиш ќе биде домаќин на САЕМ ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ – ЛАГ ЕКСПО 2022, во организација на ЛАГ Плачковица

Media Press

Published

на

Радовиш ќе биде домаќин на САЕМ ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ – ЛАГ ЕКСПО 2022. На поставени штандови од 18 општини, околу 50 изложувачи ќе ги претстават своите производи и активности кои се реализираат на териториите на ЛАГ-овите. Саемот ќе се одржи во петок, на 23 септември 2022 година, пред Центарот за култура „Ацо Караманов” во Радовиш, со почеток во 14:00 часот, во рамките на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежата за рурален развој на Македонија и Балканската мрежа за рурален развој поддржана од We Effect, во соработка со ЛАГ Плачковица како домаќин и ЛАГ Абер 2015, ЛАГ Беласица-Огражден, ЛАГ Бојмија и ЛАГ Малеш-Пијанец како партнери.

САЕМСКАТА МАНИФЕСТАЦИЈА ќе започне во 14:00 часот, со свечено отварање од страна на градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов а домаќин ќе биде ЛАГ Плачковица.

ЛАГ ЕКСПО 2022 е прв саем од ваков тип во Радовиш и во Македонија, каде низ презентации и панел дискусии претставници на Локалните акциски групи (ЛАГ-ови) од Македонија, и гостите од Албанија, Србија, Косово Босна и херцеговина и Хрватска ќе ги претстават своите активности и ќе дискутираат за локалниот развој кој ги засега сите рурални заедници.

САЕМСКАТА МАНИФЕСТАЦИЈА ќе започне во 14 часот и ќе трае до 18 часот. Целта на настанот е да се презентираат и да се споделат искуствата на Локалните акциски групи од Република Македонија, како и од земјите на Западен Балкан и ЕвропскатаУнија

Прочитај повеќе

Радовиш

Реализиран настан „Возење велосипеди – промовирање на велосипедот како превозно средство“ во организација на ООУ Никола Карев, Радовиш

Media Press

Published

на

ООУ „Никола Карев“, Радовиш денеска реализира настан „ВОЗЕЊЕ ВЕЛОСИПЕДИ – ПРОМОВИРАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕДОТ КАКО ПРЕВОЗНО СРЕДСТВО.

„Настанот се организира по повод Меѓународниот ден на мирот – 21 Септември и Меѓународниот Ден без автомобили 22 Септември, а во согласност со програмата на училиштето за одбележување на еколошки и други важни датуми“, истакна директорот на ООУ Никола Карев, Радовиш, Кире Јанковски.

Настанот се реализира со ученици од предметна настава за време на 4-ти час.

Истиот беше обезбеден со полициска придружба и асистенција на утврдената маршрута, со претходно доставено барање до надлежниот орган, ОВР Радовиш.

Прочитај повеќе