Connect with us

Струмица

Приведен струмичанец баран со потерница, осуден на близу 13 години затвор

Media Press

Published

на

Вчера во 14:50 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги во содејство со ОКП при СВР Струмица, во Струмица го приведоа А. Т. (35) од Струмица, лице барано по централна потерница од КПУ-КПД Идризово-Скопје, кој во врска со чл.193 и чл.188 од КЗ на РСМ , бил осуден на казна затвор во траење од 12 години и 11 месеци, а за доиздржување имал 2 години и 11 месеци. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

прикажи повеќе
Advertisement

Струмица

Намален интересот за користење на природен гас во Струмица

Media Press

Published

на

Прочитај повеќе

Струмица

Реконструиран објектот на итната медицинска служба во Струмица

Media Press

Published

на

Прочитај повеќе

Струмица

Во текот на вчерашниот ден се случиле две сообраќајни несреќи во струмичко

Media Press

Published

на

Вчера во 05.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат кој води од крстосница со магистрален пат А4 кон село Доброшинци, струмичко, В.В.(54) од село Чанаклија, струмичко, управувајќи товарно моторно возило „ивеко“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.М.(38) од Струмица, а возачот и сопатникот С.Р.(26) од Струмица се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Исто така вчера околу 15.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на улица „24-ти Октомври“ во Струмица, М.К.(25) од село Дабиле, струмичко, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со струмички регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко моторно возило „шевролет“ со струмички регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кој бил пренесен во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Прочитај повеќе