Connect with us

Василево

Започна традиционалниот турнир во Одбојка во Нова Маалa

Media Press

Published

на

„Во прекрасна атмосфера и спортски дух започна традиционалниот турнир во Одбојка во Нова Маала, по повод празникот Успение на Пресвета Богородица. Во наредните неколку дена Нова Маала ќе биде место за дружење и спортски натпревари“, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов по повод стартот на традиционалниот турнир во одбојка, кој се одржува во населеното место Нова Маала, по повод празникот Успение на Пресвета Богородица – селска слава во ова населено место.

На турнирот се натпреваруваат вкупнпо седум екипи и тоа по една од населените места Сушево, Добрашинци, Злеово и Муртино и три екипи од домаќинот, населеното место Нова Маала. Вкупниот награден фонд на турнирот изнесува 40 000 денари.

Турнирот започна на 23.08.2022 година, натпреварите се играат на одбојкарското игралиште во Нова Маала, со почеток од 20,30 часот, но поради специфичните временски услови, термините не можат прецизно да се утврдат, односно деновите во кои ќе се играат натпреварите и кога ќе заврши Турнирот,  најмногу зависат од временските услови.

Главен покровител на турнирот е  општина Василево.

Василево

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов оствари средба со претставници на Европската академија на регионите

Media Press

Published

на

Денес, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, во својот кабинет оствари средба со  членовите на одборот на EAR-AER Европската академија на регионите – Académie européenne des regions, Luis Deklart и Nelu Neacsu кои како партнери на  БИЦСР(Business Innovation Center Strumica), со финансиска поддршка од владата на Фландрија (Белгија) во периодот од 24-28 септември 2022 година, преземаат мисија за утврдување на фактите во Северна Македонија.

Целта на мисијата е да се сретне со претставници на регионални и локални власти, непрофитни здруженија и претставници на бизниси за да ги информира за активностите и услугите на Академијата, да ги информира за можностите за финансирање од ЕУ програми и фондови и да обезбеди насоки за зголемување на ефикасноста на проекти што ќе ги подготват во рамките на процесот на усогласување со ЕУ.

Прочитај повеќе

Василево

Во Сушево се одржа Mеѓународен фолклорен фестивал „Весело на сред село“

Media Press

Published

на

Викендот во селото Сушево во организација на КУД „Сушевски бисери“, а под покровителство на Општина Василево се одржа првиот Меѓународен фолклорен фестивал „Весело на сред село“.

На фестивалот, покрај домаќините настапија и КУД „Негорци“ од Негорци, ФА „Подарешани млади“ од Подареш, гостите од Србија и Бугарија, Здружението „Марко Цара Миланович“ од Каоник, Крушевац, НЧ „Антон Панов-1962“ од село Самуилово, Петрич, ЖПГ „Самуилски славеи“ и Танцова група и Танцова школа „Тепсихора“ од Дупница.

Добредојде на сите учесници им посака градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој истакна дека токму преку овој фолклорен фестивал со музиката и фолклорот се навраќаме на нашите корени, на изворот од каде ја црпиме енергијата, ги оживуваме спомените кои не поврзуваат низ годините и се наша водилка и инспирација за следните предизвици.

Прочитај повеќе

Василево

Со механизација, ангажирана од општина Василево се чисти поројот во село Сушево

Media Press

Published

на

Со механизација, ангажирана од општина Василево, деновиве во населеното место Сушево се одвиваат активности за чистење на отворениот канал, попознат како  порој. Големи количини на наталожена земја и вегетација се отстрануваат од коритото на каналот, чија примарна функција е апсорбирање и канализирање на водите кои надоаѓаат за  време на врнежи и можат  да бидат особено опасни, доколку неконтролирано се излеваат.

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, ги најави и планираните активности кои ќе се реализираат во наредните денови.  „Во населеното место Сушево наредните денови ќе се изврши уредување и на јавните површини во пресрет на празникот Рождество на Пресвета Богородица“.

За наредниот период, како што најави Андонов во населеното место Василево,  планирано е и чистење на бетонскиот трапезен канал, во близина на ООУ „Гоце Делчев“ во Василево.

Прочитај повеќе