Connect with us

Струмица

Општина Струмица започна со изградба на мостот „Обединување“ на реката Водочница

Media Press

Published

на

Градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов со своите соработници и дел од членовите на Советот на општина Струмица, изврши увид во изградбата на мостот „Обединување“ на реката Водочница, што е едно од неговите главни предизборни ветувања кое се реализира во првите 10 месеци од мандатот. При тоа, тој ја потенцираше важноста на мостот.

„Овој мост е основа за да можеме да го реализираме уште поголемиот проект, а тоа е новиот булевар во општина Струмица „Братство Единство“ и секако да започнеме со реализација на новиот градски пазар којшто е предвиден овде и за кој е порачана техничко – проектна документација и е во финална фаза.

Со ова заокружуваме една убава година за општина Струмица и докажуваме пред цела Македонија дека и во ова време на криза, Струмица знае да биде отпорна на кризите, Струмица знае како да се вложува во вистински проекти кои се од интерес на граѓаните. Не очекуваат уште многу такви големи инвестиции во градот и населените места, една од нив, а за која веќе е распишана јавна набавка, е најголемиот проект досега во општина Струмица, а тоа е Социјалната населба во Турското маало, прва фаза. Нека ни е со среќа првиот булеварски мост во историјата на општина Струмица“, рече градоначалникот Костадинов.

прикажи повеќе
Advertisement

Струмица

Намален интересот за користење на природен гас во Струмица

Media Press

Published

на

Прочитај повеќе

Струмица

Реконструиран објектот на итната медицинска служба во Струмица

Media Press

Published

на

Прочитај повеќе

Струмица

Во текот на вчерашниот ден се случиле две сообраќајни несреќи во струмичко

Media Press

Published

на

Вчера во 05.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат кој води од крстосница со магистрален пат А4 кон село Доброшинци, струмичко, В.В.(54) од село Чанаклија, струмичко, управувајќи товарно моторно возило „ивеко“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.М.(38) од Струмица, а возачот и сопатникот С.Р.(26) од Струмица се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Исто така вчера околу 15.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на улица „24-ти Октомври“ во Струмица, М.К.(25) од село Дабиле, струмичко, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со струмички регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко моторно возило „шевролет“ со струмички регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кој бил пренесен во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Прочитај повеќе