Струмица
Возбудливи светски и регионални имиња на Get EXITed забавата која ќе се одржи во Струмица
Published
1 година agoна
By
Media Press
Get EXITed забавата, која ќе се одржи на 7- ми Септември во големиот градски парк во Струмица, носи возбудливи светски и регионални имиња! најави градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов.
„На големата летна забава доаѓа една од водечките италијански техно ѕвезди Deborah De Luca, глобалниот хитмејкер, продуцент и DJ Mahmut Orhan, неприкосновената балканска кралица на трапот Senidah и еден од најпознатите DJ-и со интернационална кариера, Kristijan Molnar. Наскоро ќе бидат најавени уште имиња, а влезот на оваа забава која ќе трае дури девет часа е слободен! Get EXITed во нашата убава Струмица го најавува започнувањето на Exit фестивалот во Македонија, планиран за 2023 година“, напиша Костадинов во објавата на социјалните мрежи.
Поврзани содржини
Регион
Пронајдена и одземена марихуана, пријава за физички напад, дел од вчерашниот билтен на СВР Струмица
Published
1 недела agoна
ноември 23, 2023By
Media Press
На 22.11.2023 година во 21.25 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Н.Ш.(23) од Струмица. При преглед на патничко возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против Н.Ш. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.11.2023 во 10.25 часот во Полициската станица Струмица, Ж.Т.(64) од Струмица пријавила дека на 20.11.2023 во Струмица била физички нападната од Е.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.11.2023 во 11.50 часот во Полициската станица Струмица Е.А.(68) од село Радичево, струмичко, пријавила дека во село Радичево била касната од куче скитник.
Струмица
Завршија сите планирани јавни собири со граѓаните од урбаните и месните заедници во Општина Струмица
Published
2 недели agoна
ноември 21, 2023By
Media Press
Во населените места Добрејци и Просениково се одржаа последните средби со граѓаните од Општина Струмица, со што и завршија сите планирани јавни собири со граѓаните од урбаните и месните заедници.

На средбите градоначалникот Костадин Костадинов со неговиот тим, советници и претставници на општинските јавни претпријатија, со граѓаните разговараа на актуелни теми, ги разгледуваа реалните потреби и ги утврдија приоритетните проекти коишто ќе се реализираат следната година со средства од општинскиот буџет, информираат од општината.

„Со јавните собири и буџетскиот форум, општина Струмица уште еднаш го потврди високото ниво на транспарентност и отчетност во своето работење и активното учество на граѓаните во креирањето на локалните политики и општинскиот развој“ вели градоначалникот Костадин Костадинов кој е иницијатор на ваквите средби со цел активно вклучување на граѓаните во креирањето.
Струмица
Пет лица од струмичко вршеле јавен превоз, без да поседуваат соодветна документација
Published
2 недели agoна
ноември 20, 2023By
Media Press
Во периодот од 23.15 часот на 17.11.2023 до 04.00 часот на 18.11.2023 на магистрален пат Радовиш – Штип и на локален пат за село Тополница, радовишко, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш извршиле контрола на три патнички возило „фиат“, едно патничко возило „мерцедес“ и едно патничко возило „фолксваген“, сите со струмички регистарски ознаки, управувани од жители на Струмица и струмичко. При контролата било констатирано дека лицата со возилата вршат јавен превоз, без да поседуваат соодветна документација. По целосно документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
