Connect with us

Радовиш

Радовишките пчелари го промовираа медот и производите од мед на „Меден Радовиш“

Media Press

Published

на

Во рамките на одбележувањето на заштитникот на градот Радовиш Свети Спасо Радовишки за прв пат беше организирана и манифестацијата МЕДЕН РАДОВИШ на која пчеларите имаа можност да изложат мед и други пчелни производи на посебни штандови за да можат радовишани да дегустираат но и да си купат.

Пчеларите ја поздравија ваквата манифестација на која можеа да го промовираат медот и пчеларството како значајна гранка која во последно време се повеќе зема замав во општина Радовиш.

Оваа манифестација е на иницијатива на Здруженеито на пчелари кое брои околу 60-тина членови а поддржана од Општина Радовиш и Министерството за земјоделие.  

манифестацијата ја отвори градоначалникот Ацо Ристов кој рече дека ќе се настојува да прерасне во традиција бидејќи како што рече медот повеќе не е само лек туку и храна. 

Ацо Ристов – Градоначалник на Општина Радовиш

Манифестацијата Меден Радовиш беше во организација на Општина Радовиш а во соработка со ЦК Ацо Караманов и здружението на Пчелари од Радовиш , подржана и од Министерството за земјоделие.

Радовиш

Времена измена на сообракајниот режим во Радовиш

Media Press

Published

на

Почитувани сограѓани,

ЕЛС општина Радовиш, согласно Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата и Законот за Локална самоуправа а во врска одржување на манифестациите „Радовишки собор“ и „Самун ем Татлија“ донесе ОДОБРЕНИЕ за времена измена на режимот на сообраќајот.Времената забрана за сообраќај и времениот режим на сообраќај ќе започне од 29.09.2022 год (Четврток) и ќе трае до 03.10.2022 год. (Понеделник).Режимот на сообраќај за време на Манифестацијата „Самун ем Татлија“ во општина Радовиш е согласно доставениот сообраќаен проект и даденото Одобрение од СВР – Струмица а се однесува на улиците „22 Октомври“, „1 Мај“, „Коста Сусинов“ и ул.„Партизанска“.

Ве молиме за разбирање и се надеваме дека сите заедно ќе придонесеме за уште еднаш да ја прикажеме општина Радовиш како добар домаќин.

Прочитај повеќе

Радовиш

Се решава проблемот со поплавите на една од најпроблематичните улици во Ораовица, Општина Радовиш

Media Press

Published

на

Во тек се градежни активности за поставување на атмосверска канализација на една од најпроблематичните улици во Ораовица, Општина Радовиш,  каде при секои обилни врнежи на дожд се случувало излевање на атмосверските води и поплавување на околните куќи. За реализација на оваа активност општината издвоила околу  3.000 000 денари .

Градоначалникот Ристов кој изврши увид во работните активности рече дека ова било долгогодишен проблем на жителите кои што живеат на оваа улица и сега конечно се наоѓа решение. Тој најави решавање на проблемите во сите месни заедници во општина Радовиш, во селата Ораовица, Подареш,  Јаргулица, Калугерица, Воиславци, Сулдурци, Дамјан, Ињево како и во турските населни места.

Прочитај повеќе

Радовиш

Општина Радовиш апелира до сите ученици и родители, да се запишат на некои од струките во СОУ Коста Сусинов

Media Press

Published

на

Општина Радовиш упатува А П Е Л до сите ученици и родители, односно старатели да се запишат на некои од струките во СОУ Коста Сусинов Радовиш.

Општината и СОУ Коста Сусинов Радовиш, покрај класичното гимназиско образование, се заложија да се воведат и нови образовни струки како:

1.Геолошко-рударска и металуршка струка со 2 профили:

-рударски техничар и

-металуршки техничар и тоа во дуална паралелка.

2. Електро-техничка струка со 2 профили:

-електротехничар- енергетичар и

-електротехничар за компјутерска техника и автоматика;

3. Машинска струка со 1 профил: машински техничар и

4.Градежно-геодетска струка со 1 профил: градежен техничар.

Не помалку атрактивни се и и гимназиските паралелки од:

– Природно-математичкото подрачје,

– Општествено-хуманистичко подрачје, и

– Јазичното подрачје.

„Сево ова дава гаранција дека сега нашите ученици имаат многу повеќе можности за образование во СОУ КОСТА СУСИНОВ, но и за нивно брзо вработување, односно можност овде во Радовиш да си го оформат своето средно обрзование и да се профилираат во стручни профили кои им се потребни во бизнис секторот, или да се запишат на факултетите кои ги посакуваат“, вели градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов кој им дава силна поддршка на Целиот колектив од СОУ Коста Сусинво Радовиш, но пред се на сите ученици – матуранти од основните општински училишта со цел да се запишат во СОУ КОСТА СУСИНОВ РАДОВИШ.

Прочитај повеќе