Connect with us

Струмица

Прoнајден кокаин во Струмица, приведен дилер

Media Press

Published

на

На 20.08.2022 во 23.50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.И.(47) од с.Добрашинци, струмичко. При преглед кај него и во неговото возило „шевролет“, како и при преглед на теренот на излезот на Струмица кон Валандово биле пронајдени повеќе пакувања со кокаин.

Исто така, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени едно пакување кокаин и други предмети поврзани со делото. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во објавата на дневниот билтен на МВР.

Струмица

Намален интересот за користење на природен гас во Струмица

Media Press

Published

на

Прочитај повеќе

Струмица

Реконструиран објектот на итната медицинска служба во Струмица

Media Press

Published

на

Прочитај повеќе

Струмица

Во текот на вчерашниот ден се случиле две сообраќајни несреќи во струмичко

Media Press

Published

на

Вчера во 05.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат кој води од крстосница со магистрален пат А4 кон село Доброшинци, струмичко, В.В.(54) од село Чанаклија, струмичко, управувајќи товарно моторно возило „ивеко“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.М.(38) од Струмица, а возачот и сопатникот С.Р.(26) од Струмица се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Исто така вчера околу 15.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на улица „24-ти Октомври“ во Струмица, М.К.(25) од село Дабиле, струмичко, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со струмички регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко моторно возило „шевролет“ со струмички регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кој бил пренесен во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Прочитај повеќе