Connect with us

Македонија

Шеесет странски слависти и македонисти од седумнаесет држави денес ќе пристигнат во Охрид

Media Press

Published

на

Шеесет странски слависти и македонисти од седумнаесет држави денес ќе пристигнат во Охрид. Со нивното доаѓање започнува јубилејната 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), којашто ќе трае до 2 септември. Се очекуваат семинаристи од универзитетските центри од Австрија, Германија, Грција, Италија, Полска, Република Кореја, Романија, Руската Федерација, Соединетите Американски Држави, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција, Хрватска и Чешката Република. Меѓу семинаристите се и универзитетски професори, значајни истражувачи од славистичкиот свет – лингвисти, книжевници и културолози и книжевни преведувачи, но и нови, млади кадри коишто искажуваат подготвеност да остварат влог за македонистиката во светот. Сите тие доаѓаат со цврста решеност да ги продлабочат своите познавања и проучувања за македонскиот јазик, литература и култура и да продолжуват со мисијата за афирмација на македонистиката.

Според програмата, по пристигнувањето на семинаристите и по отпочнувањето со лекторската настава, на 19 август (петок), со почеток во 12 часот, во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид ќе се одржи свеченото отворање на јубилејното издание на овој стожерен настан за македонистиката и нејзината афирмација во светот. На отворањето, обраќања ќе имаат претседателот на државата, Стево Пендаровски, ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски и директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

Во рамките на отворањето на Школата е најавена и промоција на новите изданија на учебниците за странци – „Тешкото“ (македонски јазик, почетно рамниште) од проф. д-р Симон Саздов, „Лозје“ (македонски јазик, средно рамниште) од доц. д-р Гордана Алексова и „Везилка“ (македонска литература и култура) од проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Промоторка на изданијата ќе биде проф. д-р Анета Дучевска, деканка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Традицинално, на отворањето ќе биде промовиран и зборникот со предавања од претходната летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, а промотор ќе биде проф. д-р Борче Арсов, долгогодишен лектор на школите на Семинарот.

Инаку, оваа Школа е со најголем број учесници последниве години што е и потврда за зголемениот интерес за македонистиката во меѓународната академска заедница. Па така, по неколку години, на Школата, повторно ќе има семинаристи од САД, Република Кореја и Романија, а по неколку години интерес за учество пројавија и семинаристи од Австрија, Германија и Италија, како и од Универзитетот во Анкара, Турција на којшто се очекува од следната академска година да започне со работа и нов лекторат по македонски јазик. Според бројот на семинаристите, евидентно е зголемување на интересот за македонистиката и во Грција. Најголем број семинаристи на Школата ќе има од Полска.

Семинаристите на Школата ќе следат лекторска настава и веќе се организирани лекторски групи за сите нивоа на познавање на македонскиот јазик – почетно, средно и напредно, и тоа напредно со две поднивоа, за јазик, и за литература. На Школата ќе се одржат и единаесет предавања на еминентни истражувачи од УКИМ, за важни теми за македонскиот јазик, литература и култура, а ќе биде организирана и преведувачка работилница за сите заинтересирани семинаристи. За семинаристите коишто потемелито се интересираат за македонскиот фолклор, на Школата ќе се одржи и курс по македонски ора. Во рамките на Школата ќе се одржат и промоции на значајни книги, книжевни средби и интерактивни настани, а семинаристите ќе бидат специјални гости и на 34. издание на традиционалната манифестација „Поетска ноќ во Велестово“.

Како што веќе беше соопштено, јубилејот 55 години непрекинато одржување на Летната школа на МСМЈЛК при УКИМ е исклучително значаен не само за македонскиот јазик, литература и култура, туку и за нашата држава воопшто, затоа што токму на оваа Школа се изнедруваат нашите најголеми поддржувачи и културни амбасадори во светот –  странски македонисти, информираат од МСМЈЛК МКД.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Ограничените маржи на основните прехранбени производи ќе останат до крај на годината, владата донесе одлука

Media Press

Published

на

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука да се продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи, информира министерот за економија Крешник Бектеши.

Според Одлуката оваа мерка ќе се применува до 31 декември 2022 година.

“Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените преку утврдување на висината на трговската маржа која треба да  влијание на растот на цените на мало на основните прехранбени производи, а состојбата на пазарот укажува дека цените не се стабилизирани, се наметна потребата да се продолжи рокот за следните 3 месеци од оваа година односно до 31 декември 2022 година. На овој начин, евентуалниот раст на цените во трговијата на големо и трговијата мало ќе биде предизвикан од растот на увозните и  берзанските цени, како и растот на производствените трошоци, напиша министерот Бектеши на својот Фејсбук профил.

Согласно одлуката висината на трговска маржа на трговските друштва и трговските поединци кои учествуваат во трговскиот ланец  на леб бел;, сечен на парчиња или цел, шеќер бел и сончогледово масло за јадење се утврдува  во висина до 5% во трговијата на големо  и до 5% во трговијата на мало.

Висината на трговска маржа на трговските друштва и трговските поединци кои учествуваат во трговскиот ланец  на брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз и трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% млечна маст и јајца се утврдува во висина до 10% во трговијата на големо  и  до 10% во трговијата на мало

Прочитај повеќе

Македонија

СДСМ:Иницијативата на Мицкоски за референдум е спротивна на македонскиот Устав. ВМРО -ДПМНЕ:Џафери не е Уставен судија да толкува Устав

Media Press

Published

на

Иницијативата на Мицкоски за референдум е спротивна на македонскиот Устав, на државните и национални интереси и треба да се отфрли, е ставот на СДСМ по отфрлањето на иницијативата за референдум од страна на спикерот Џафери.

„Уставот како највисок правен акт е јасен: Во член 118, јасно предвидува дека Меѓународните договори што се ратификувани се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со Закон.

Договорот за добрососедство е меѓународен договор и согласно Уставот неговото правно дејство не може да се менува.

Очигледно е дека Мицкоски намерно ја има смислено и поднесено оваа иницијатива на правно неиздржан начин, спротивно на македонскиот Уставот. Само за да создава тензии, да го манипулира народот, свесен дека нема да успее“, соопштуваат од партијата.

 Реакцијата доѓа откако синоќа претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, ја отфрли иницијативата за спроведување референдум за поништување на Законот за ратификација на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија како неуставна.

„Џафери и власта не се во право по најмалку два основа. Џафери не е Уставен судија да толкува Устав, второ ова е билатерален договор, каде се спори законот за ратификација кој има сила на закон, а не меѓународен договор, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

„Со поништувањето на Законот за ратификација ќе престанеше важењето на договорот со Бугарија, зошто меѓународните договори важат само доколку се ратификувани.

Антимакедонската СДС избега од референдум само затоа што се плаши од народот и знае дека никој не го поддржува договорот со Бугарија“, стои во соопштението од центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Прочитај повеќе

Македонија

Недела останува неработен ден, Уставниот суд не донесе одлука

Media Press

Published

на

Уставниот суд на денешната седница не одлучуваше по иницијативата поднесена од Стопанската комора на Република Македонија во која е оспорен Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи кој во својата содржина опфаќа „работа во недела”, поради немање кворум. По иницијативата, како што велат од Судот, ќе се навратат тогаш кога Собранието на Република Македонија ќе го комплетира Уставниот суд со доволен број на судии.

,,Рефератот на овој предмет беше да не се поведе постапка, што значи законот да остане во правниот поредок и недела да остане неработен ден освен во дејностите од исклучоците.

Еден судија се изјаснил дека не го поддржува рефератот и поради тоа немало кворум за Одлука“, потврдуваат и од ССМ.

Прочитај повеќе