Connect with us

Гевгелија

Мигрантите во превртениот камион кај Валандово биле од Сирија

Media Press

Published

на

Триесет и пет мигранти од вкупно 49 биле повредени во сообраќајката која се случи на магистралниот пат Гевгелија-Демир Капија на клучката за село Марвинци откако камион „сканија“ со скопски регистарски, таблички, во кој се превезувале мигрантите, излетал од патот.

Според информациите од СВР Струмица,  еден од мигрантите е со потешки повреди, а останатите имале полесни повреди. Возачот побегнал, а на местото на излетувањето на камионот се пронајдени мигрантите.

„На 10.8.2022, во 18.20 часот, во полициската станица во Валандово било пријавено дека на магистралниот пат М-1, во близината на клучката за селото Марвинци, Валандовско, товарно возило „сканија“ со приколка, со скопски регистарски ознаки, излетало од патот.
Возачот избегал, а на самото место се пронајдени 49 мигранти, кои, според нивното кажување, се од Сирија. Во несреќата, едно лице мигрант добило тешки телесни повреди, а 34 добиле телесни повреди констатирани во медицинските центри во Гевгелија и во Струмица.
Другите лица мигранти се пренесени во прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Велес, а увид на местото извршила екипа на полициската станица од Валандово“, информира СВР Струмица.

Гевгелија

Приведени три лица во близина на Дојран, за криумчарење мигранти

Media Press

Published

на

Две лица од Радовиш и едно од Скопје, биле приведени во Полициската станица Гевгелија за криумчарење мигранти. Мигрантите биле спроведени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Синоќа околу 22 часот и 20 минути кај место викано „Аниште“, во близина на крстосница за с.Фурка, дојранско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Стар Дојран“ ги лишиле од слобода Т.В.(38) од Скопје, Л.А.(66) од Радовиш и П.С.(45) од Радовиш.

При контрола во возило „мазда“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.В., биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија. Додека, пак возилото „фолксваген поло“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувала Л.А., а сопатник бил П.С., служело како претходница.

Мигрантите биле спроведени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а трите лица биле приведени во Полициската станица Гевгелија. За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Пронајден хероин и амфетамин во Гевгелија, приведени две лица

Media Press

Published

на

Вчера околу 15.00 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија ги лишиле од слобода А.К.(46) и Ј.Р.(43), двајцата од Гевгелија.

При преглед на патничко моторно возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.К., биле пронајдени 27 пакувања со хероин, а при преглед на Ј.Р., која била сопатник во возилото, бил пронајден амфетамин.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Донесени повеќе одлуки и решенија на 14 -та седница на Општина Гевгелија

Media Press

Published

на

На последната 14 седница, Советот на Општина Гевгелија донесе повеќе одлуки и решенија. Имено, Советот едногласно донесе Одлука за кофинансирање на проектот: „Градење инфраструктура за заштита на животната средина и подобрен квалитет на живот“, со кој Општина Гевгелија ќе аплицира на Oтворениот повик на Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија.

Исто така, предмет на расправа беа Годишните планови за вработување на Општина Гевгелија, JОУДГ „Детска радост“- Гевгелија и ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2023 година, како и Годишните извештаи за работата во 2021/2022, Годишните програми за работа во 2022/2023 година и Годишните програми за екскурзии и други слободни ученички активности во 2022/2023 година на општинските основни училишта.

Од работењето на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија на 14 седница, Советот на Општина Гевгелија дискутираше по Кварталниот извештај за периодот 1 јануари-30 јуни, 2022 година, Измената и дополнувањето на Годишниот план за вработување за 2022 и Годишниот план за вработување за 2023 година.

На оваа седница, беше едногласно донесена и Одлука за исплата на средства од Буџетот на Општина Гевгелија за лекување на лицето Дамјан Хаџи Николов во странство.

Прочитај повеќе