Македонија

Поевтинуваат бензините, а цената на дизелот останува иста

Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари по литар, а цената на дизелот и на мазутот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,34 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 88 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 90, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 85,5 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и понатаму ќе остане 90 денари за литар, а на Мазутот М-1 НС 52,786 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар бележат намалување кај бензините во просек за 4,114 отсто, кај дизелот намалувањето е во просек за 2,263, кај екстра лесното масло во просек за 3,513, а кај мазутот има намалување во просек за околу 1,29 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот, пак, е повисок за околу 0,005 отсто.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago