Connect with us

Македонија

Казна затвор за брзо возење предвидуваат новите законски измени, вчера биле изречени 422 санкции за брзо возење

Media Press

Published

на

Возењето под дејство на алкохол со најмалку 1,50г/промили во крвта или пак под дејство на дроги и психотропни супстанци, возењето во забранет правец, претекнувањето на колона возила на непрегледно место и возењето над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина ако досега се казнуваше прекршочно, со новите предлог измени во кривичниот законик се планира да се казнува како кривично дело.

Притоа со новиот член 403 практично се вметнува ново кривично дело кое ќе гласи „Безобѕирно управување со моторно возило“, а за истото се предлагаат парични казни или казна затвор до три години.

Инаку како што информира МВР, само вчера имало 422 санкции за брзо возење.

„Во текот на вчерашниот ден (10.08.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 422 возачи. Од нив 21 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 211 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 211 надвор од населено место“, стои во известувањето од МВР од каде апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.

Македонија

Ограничените маржи на основните прехранбени производи ќе останат до крај на годината, владата донесе одлука

Media Press

Published

на

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука да се продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи, информира министерот за економија Крешник Бектеши.

Според Одлуката оваа мерка ќе се применува до 31 декември 2022 година.

“Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените преку утврдување на висината на трговската маржа која треба да  влијание на растот на цените на мало на основните прехранбени производи, а состојбата на пазарот укажува дека цените не се стабилизирани, се наметна потребата да се продолжи рокот за следните 3 месеци од оваа година односно до 31 декември 2022 година. На овој начин, евентуалниот раст на цените во трговијата на големо и трговијата мало ќе биде предизвикан од растот на увозните и  берзанските цени, како и растот на производствените трошоци, напиша министерот Бектеши на својот Фејсбук профил.

Согласно одлуката висината на трговска маржа на трговските друштва и трговските поединци кои учествуваат во трговскиот ланец  на леб бел;, сечен на парчиња или цел, шеќер бел и сончогледово масло за јадење се утврдува  во висина до 5% во трговијата на големо  и до 5% во трговијата на мало.

Висината на трговска маржа на трговските друштва и трговските поединци кои учествуваат во трговскиот ланец  на брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз и трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% млечна маст и јајца се утврдува во висина до 10% во трговијата на големо  и  до 10% во трговијата на мало

Прочитај повеќе

Македонија

СДСМ:Иницијативата на Мицкоски за референдум е спротивна на македонскиот Устав. ВМРО -ДПМНЕ:Џафери не е Уставен судија да толкува Устав

Media Press

Published

на

Иницијативата на Мицкоски за референдум е спротивна на македонскиот Устав, на државните и национални интереси и треба да се отфрли, е ставот на СДСМ по отфрлањето на иницијативата за референдум од страна на спикерот Џафери.

„Уставот како највисок правен акт е јасен: Во член 118, јасно предвидува дека Меѓународните договори што се ратификувани се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со Закон.

Договорот за добрососедство е меѓународен договор и согласно Уставот неговото правно дејство не може да се менува.

Очигледно е дека Мицкоски намерно ја има смислено и поднесено оваа иницијатива на правно неиздржан начин, спротивно на македонскиот Уставот. Само за да создава тензии, да го манипулира народот, свесен дека нема да успее“, соопштуваат од партијата.

 Реакцијата доѓа откако синоќа претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, ја отфрли иницијативата за спроведување референдум за поништување на Законот за ратификација на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија како неуставна.

„Џафери и власта не се во право по најмалку два основа. Џафери не е Уставен судија да толкува Устав, второ ова е билатерален договор, каде се спори законот за ратификација кој има сила на закон, а не меѓународен договор, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

„Со поништувањето на Законот за ратификација ќе престанеше важењето на договорот со Бугарија, зошто меѓународните договори важат само доколку се ратификувани.

Антимакедонската СДС избега од референдум само затоа што се плаши од народот и знае дека никој не го поддржува договорот со Бугарија“, стои во соопштението од центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Прочитај повеќе

Македонија

Недела останува неработен ден, Уставниот суд не донесе одлука

Media Press

Published

на

Уставниот суд на денешната седница не одлучуваше по иницијативата поднесена од Стопанската комора на Република Македонија во која е оспорен Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи кој во својата содржина опфаќа „работа во недела”, поради немање кворум. По иницијативата, како што велат од Судот, ќе се навратат тогаш кога Собранието на Република Македонија ќе го комплетира Уставниот суд со доволен број на судии.

,,Рефератот на овој предмет беше да не се поведе постапка, што значи законот да остане во правниот поредок и недела да остане неработен ден освен во дејностите од исклучоците.

Еден судија се изјаснил дека не го поддржува рефератот и поради тоа немало кворум за Одлука“, потврдуваат и од ССМ.

Прочитај повеќе