Connect with us

Струмица

Тешка сообраќајна несреќа се случила помеѓу селата Добрејци и Василево

Media Press

Published

на

Тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат помеѓу селата Добрејци и Василево во која настрадало 22- годишно момче.

„На 10.08.2022 во 01.55 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионален пат Р 1403, делница помеѓу селата Добрејци и Василево, струмичко, се случила сообраќајна несреќа во која Д.Р. (22) од Струмица, управувајќи патничко возило „бмв“ со струмички регистерски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од патот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица“ стои во соопштението од СВР Струмица.

Неофицијално дознаваме дека момчето во меѓувреме и подлегнало на повредите.

Струмица

Намален интересот за користење на природен гас во Струмица

Media Press

Published

на

Прочитај повеќе

Струмица

Реконструиран објектот на итната медицинска служба во Струмица

Media Press

Published

на

Прочитај повеќе

Струмица

Во текот на вчерашниот ден се случиле две сообраќајни несреќи во струмичко

Media Press

Published

на

Вчера во 05.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат кој води од крстосница со магистрален пат А4 кон село Доброшинци, струмичко, В.В.(54) од село Чанаклија, струмичко, управувајќи товарно моторно возило „ивеко“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.М.(38) од Струмица, а возачот и сопатникот С.Р.(26) од Струмица се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Исто така вчера околу 15.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на улица „24-ти Октомври“ во Струмица, М.К.(25) од село Дабиле, струмичко, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со струмички регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко моторно возило „шевролет“ со струмички регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кој бил пренесен во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Прочитај повеќе