Connect with us

Регион

Општина Радовиш со поддршка на кампањата за заштита од пожари „Негрижата за шумите, значи негрижа за сопствениот живот“

Media Press

Published

на

Прекуграничните региони на Македонија и Грција започнуваат проект за рано откривање на шумските пожари, но и нивно следење и превенција.

„Негрижата за шумите, значи негрижа за сопствениот живот“ кампања за спречување на шумски пожари во рамките на проектот „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“. Проектот е финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија – Република Македонија, а го реализира Центарот за развој на Југоисточен плански регион.

 Вкупниот буџет изнесува 1 милион и 400 000 евра, од кои 267 000 се наменети за активностите на македонска страна.

На неколку  планински локации ќе биде инсталиран сензорски систем за откривање на чад преку кој  во реално време ќе се алармираат  надлежените служби за евентуалната опасност и на нај непристапните терени.

Општина Радовиш како дел од проектот се приклучува кон кампањата за заштита од пожари, апелирајќи кон граѓаните за поголемо внимание.

прикажи повеќе
Advertisement

Регион

Санкции за 46 возачи кои возеле побрзо од дозволеното на подрачјето на ОВР Радовиш и Валандово

Media Press

Published

на

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 07.00 до 14.00 часот на подрачјата на Одделенијата за внатрешни работи Радовиш и Валандово била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 46 прекршувања на брзината, од кои 29 на подрачје на Радовиш и 17 на подрачје на Валандово.

Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани, информира СВР Струмица.

Прочитај повеќе

Регион

Регистрирани се нови 521 случаи на КОВИД-19, од нив 38 во Југоистокот

Media Press

Published

на

 Во последните 24 часа направени се 1.231 тестови, а регистрирани се нови 521 случаи на КОВИД-19. Од нив 38 во Југоистокот.

Гевгелија – 13, Струмица –  12, Радовиш –  7, Богданци –  4 и Валандово–  2.

Од вкупниот број на позитивни (521), регистрирани се 120 реинфекции.

Регистрирани сe 485 оздравени пациенти од кои 25 во Југоистокот: Во Струмица –  16, Гевгелија – 7, Богданци–  2 и Радовиш 1.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица, од Скопје (78г) и Струга(48г). Двете лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 2.139.217 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 336.560, бројот на оздравени пациенти е 323.536, на починати е 9.429, а бројот на активни случаи изнесува 3.595

Прочитај повеќе

Регион

Нови 40 случаи на Ковид во Југоистокот во последните три дена

Media Press

Published

на

Во последните 3 дена (од 12.08 до 14.08.2022) направени се 2.095 тестови, а регистрирани се 889 нови случаи на КОВИД-19. Од нив цо Југоистокот се забележани 40 нови случаи, во Гевгелија – 17, Струмица – 16, Радовиш – 7 и Валандово, Богданци, по 2

Од вкупниот број на позитивни (889), регистрирани се 199 реинфекции.

Регистрирани сe 1.228 оздравени пациенти од:

Струмица – 33, Гевгелија –  20, Радовиш – 13, Валандово  10 и Дојран – 1.

Во текот на изминатите 3 дена (12.08 – 14.08.2022) пријавени се 7 починати лица, од: 3 починати.

Досега во земјата се направени вкупно 2.136.393 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 335.451, бројот на оздравени пациенти е 322.468, на починати е 9.424, а бројот на активни случаи изнесува 3.559

Прочитај повеќе