Connect with us

Радовиш

Приведени неколку лица во Полициска станица Радовиш, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка

Media Press

Published

на

Утринава околу 06.00 часот во Полициската станица Радовиш биле приведени Д.Ј., М.Ј. и С.П., сите од Радовиш. На 05.08.2022 во 06.00 часот на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Ј., М.Ј. и С.П. од една страна и П.В. и Р.Т. од друга страна, сите од Радовиш. Д.Ј. и С.П. биле задржани во Полициската станица, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информира СВР Струмица, Полициска станица Радовиш.

Утринава било приведено уште едно лице во раните утрински часови. Имено во 04.50 часот во Полициската станица Радовиш бил приведен Ф.Ј.(20) од Радовиш затоа што на улица „Илија Алексов“ во Радовиш агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле работни задачи. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Радовиш

ПРИЕМ НА ДЕЛЕГАЦИИТЕ ОД ВАСЛУИ, РОМАНИЈА И ЕРГЕНЕ,ТУРЦИЈА

Media Press

Published

на

ПРИЕМ НА ДЕЛЕГАЦИИТЕ ОД ВАСЛУИ, РОМАНИЈА И ЕРГЕНЕ,ТУРЦИЈА

Градоначалникот Ацо Ристов имаше прием на дел од делегациите кои се гости во Општина Радовиш по повод манифестацијата „Самун ем Татлија“.

Прочитај повеќе

Радовиш

Ликовна работилница ,,Фолклорот наша вековна инспирација,,

Media Press

Published

на

Вчера во паркот на младите во Радовиш беше одржана ликовната работилница „Фолклорот наша вековна инспирација“. На оваа работилница учествуваа млади уметници од општинските основни училишта од нашата општина.Со оваа програмска активност започна Меѓународниот фолклорен фестивал „Радовишки собор“.

Прочитај повеќе

Радовиш

Рудниците Бучим и Боров дол со СОУ Коста Сусинов склучија меморандум за соработка за дуално образование

Media Press

Published

на

Шестнаесет ученици од паралелката за рударско геолошки техничар во средното општинско училиште Коста Сусинов од Радовиш во иднина нивната практична настава ке ја изведуват во компаниите Боров дол и Бучим.

Ваквиот тип на настава е резултат на потпишаниот меморандум за соработка помеѓу училиштето и компаниите, а ќе се реализира во рамките на програмата за дуално образование, учење кај работодавач. Од училиштето велат дека ова ќе значи многу за нив, затоа што ваквиот тип на настава ќе овозможи учениците практично да ги осознаат вештините неопходни за нивната идна професија.

Прочитај повеќе