Радовиш
Превентивна активност на ПС Радовиш и мото клуб „Џинка“ „Носи кацига вози безбедно, вози одговорно“
Објавено на
Од
Media PressСВР Струмица Полициска станица, Радовиш заедно со Мото клубот ,,Џинка“ денеска по радовишките улици реализираа кампања ,,Носи кацига, вози одговорно“ со цел моторџиите да бидат поодговорни на патиштата за сопствена и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Иако минатата година на подрачјето на СВР Струмица е евидентирано намалување на бројот на жртви во сообраќајки за околу 50 % споредбено со 2020 година, Струмичката полиција со низа едукативни кампањи и превентивни мерки настојува да се подигне свеста кај возачите за внимателно и одговорно возење од страна на сите учесници во сообраќајот.
,,Во овој период од годината сѐ поголем е бројот на учесници во сообраќајот кои управуваат мотоцикли и електрични тротинети. На подрачје на ОВР Радовиш во првата половина од 2022 година не се регистрирани сообраќајни несреќи со загинати, ниту повредени мотоциклисти, а истото беше случај и во првата половина на 2021 година. За да се задржи констатираната поволна состојба, денеска ОВР Радовиш на подрачје на Радовиш спроведе превентивна активност „Носи кацига вози безбедно, вози одговорно“ во која преку делење на летоци со едукативна содржина им се укажуваше на мотоциклистите и возачите на електрични тротинети за потребата од носење на заштитна кацига заради нивна безбедност, а воедно им беше укажано за почитување на сообраќајните правила и прописи со цел заштита на сите учесници во сообраќајот,, соопштиja од СВР Струмица

Одделението за внатрешни работи Радовиш апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, укажувајќи дека и во иднина како преку превентивни, исто така, и преку репресивни мерки и активности ќе влијае на подигање на нивото на сообраќајна култура, бидејки безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност на сите.
Поврзани содржини
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

