Радовиш

Превентивна активност на ПС Радовиш и мото клуб „Џинка“ „Носи кацига вози безбедно, вози одговорно“

СВР Струмица Полициска станица, Радовиш заедно со Мото клубот ,,Џинка“ денеска по радовишките улици реализираа кампања ,,Носи кацига, вози одговорно“ со цел моторџиите да бидат поодговорни на патиштата за сопствена и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Иако минатата година на подрачјето на СВР Струмица е евидентирано намалување на бројот на жртви во сообраќајки за околу 50 % споредбено со 2020 година, Струмичката полиција со низа едукативни кампањи и превентивни мерки настојува да се подигне свеста кај возачите за внимателно и одговорно возење од страна на сите учесници во сообраќајот.

,,Во овој период од годината сѐ поголем е бројот на учесници во сообраќајот кои управуваат мотоцикли и електрични тротинети. На подрачје на ОВР Радовиш во првата половина од 2022 година не се регистрирани сообраќајни несреќи со загинати, ниту повредени мотоциклисти, а истото беше случај и во првата половина на 2021 година. За да се задржи констатираната поволна состојба, денеска ОВР  Радовиш на подрачје на Радовиш спроведе превентивна активност „Носи кацига вози безбедно, вози одговорно“ во која преку делење на летоци со едукативна содржина им се укажуваше на мотоциклистите и возачите на електрични тротинети за потребата од носење на заштитна кацига заради нивна безбедност, а воедно им беше укажано за почитување на сообраќајните правила и прописи со цел заштита на сите учесници во сообраќајот,, соопштиja од СВР Струмица

Одделението за внатрешни работи Радовиш апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, укажувајќи дека и во иднина како преку превентивни, исто така, и преку репресивни мерки и активности ќе влијае на подигање на нивото на сообраќајна култура, бидејки безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност на сите.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago