Радовиш

Глави, коски и други отпадоци од кланица или од месара, завршиле на улица во Радовиш

Две вреќи полни со глави, коски и други отпадоци, завршила покрај ново асфалтираната улица „Кејска“ во Радовиш, веднаш позади Голдмак. Најверојатно се работи за отпадоци од кланица или од месара, а несовесниот сопственик на овој отпад се ослободил од него, фрлајќи го покрај улица „Кејска“.

Граѓаните кои што живеат на оваа улица изреволтирани од смрдеата која се ширела од вчера и во текот на денешниот ден во нивните дворови и куќи, се потрудиле да го најдат изворот при што ги пронашле вреќите со коски, раскинати од кучиња. За случајот пријавиле и во полиција со цел да се пронајде сторителот и да не се повтори делото.

За да се ослободат од отпадот, тие вреќите ги фрлиле во контењерот пред Голдмак, па апелираат до комуналните служби, да го подигнат отпадот за да не се шире смрдеата по булеварот.

Згрозени од ваквиот немил настан граѓаните кои што живеат на улицата „Кејска“ испратија фотографии и до нашата редакција, сакајќи воедно да испратат порака до несовесниот граѓанин да не се повтори истиот случај.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago