Connect with us

Василево

Советниците од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата со маички „НЕ“, на 12-та Седница на Советот на општина Василево

Media Press

Published

на

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата во Советот на општина Василево, на вчера одржаната редовна  12-та седница на Советот на општина Василево, облечени во маици со испишано НЕ, упатија порака до јавноста, за како што информираа-  НЕ за бугаризација, НЕ за ултиматуми, НЕ за уцени, НЕ за продажби.

Советниците работеа по дневен ред од вкупно осум предлози, меѓу кои и Кварталните извештаи за работата на општината за периодот 01.01.2022 до 30.06.2022. Образложение за истите даде градоначалникот на општина Василево Славе Андонов:

„ Ќе зборувам за специфичностите на Извештајот за тој период. Може да видите дека во очи паѓа реализацијата на капиталните инвестиции, каде што реализацијата е околу 56 %, односно од планирани 18 500 000 денари реализирани се     10 290 000 денари. Од ова  може да се види начинот на работа и каде одат најголемиот дел од средствата. Во однос на долговите, за месеците мај и јуни имаме намалување во јуни во однос на мај.  3 000 000 денари имаме  зголемување кое е  за улиците  во  Василево и Пиперево, Но овој долг не е реален, помал е бидејќи ние имаме јавно приватно партнерство со Телеком за јавното осветлување и по тој основ  средства од околу 1 200 000 денари, Телеком треба да ни ги прати. Ова значи дека долгот не е 97 000 000 туку 96 287 000 денари.  Од сите податоци може да се види дека  општината ја стабилизираме финансиски и реализираме проекти, како затечени така и нови. И се надевам дека така ќе продолжиме и во иднина“, рече во своето излагање, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.

На дневен ред на седницата беше и Финансиски извештај на ЈПКД „Турија“ за периодот  од 01.01.2022 до 30.06.2022 година, според кој Јaвното претпријатие покажува загуби во своето работење, кои за споменатиот период изнесуваат 83 105 денари.

Мнозинство доби и Годишна програма за работа на ООУ „Гоце Делчев“, Василево за учебната 2022/2023 година, a советниците позитивно се изјаснија и во однос на поднесените Барања за финансиски средства.

Василево

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов оствари средба со претставници на Европската академија на регионите

Media Press

Published

на

Денес, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, во својот кабинет оствари средба со  членовите на одборот на EAR-AER Европската академија на регионите – Académie européenne des regions, Luis Deklart и Nelu Neacsu кои како партнери на  БИЦСР(Business Innovation Center Strumica), со финансиска поддршка од владата на Фландрија (Белгија) во периодот од 24-28 септември 2022 година, преземаат мисија за утврдување на фактите во Северна Македонија.

Целта на мисијата е да се сретне со претставници на регионални и локални власти, непрофитни здруженија и претставници на бизниси за да ги информира за активностите и услугите на Академијата, да ги информира за можностите за финансирање од ЕУ програми и фондови и да обезбеди насоки за зголемување на ефикасноста на проекти што ќе ги подготват во рамките на процесот на усогласување со ЕУ.

Прочитај повеќе

Василево

Во Сушево се одржа Mеѓународен фолклорен фестивал „Весело на сред село“

Media Press

Published

на

Викендот во селото Сушево во организација на КУД „Сушевски бисери“, а под покровителство на Општина Василево се одржа првиот Меѓународен фолклорен фестивал „Весело на сред село“.

На фестивалот, покрај домаќините настапија и КУД „Негорци“ од Негорци, ФА „Подарешани млади“ од Подареш, гостите од Србија и Бугарија, Здружението „Марко Цара Миланович“ од Каоник, Крушевац, НЧ „Антон Панов-1962“ од село Самуилово, Петрич, ЖПГ „Самуилски славеи“ и Танцова група и Танцова школа „Тепсихора“ од Дупница.

Добредојде на сите учесници им посака градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој истакна дека токму преку овој фолклорен фестивал со музиката и фолклорот се навраќаме на нашите корени, на изворот од каде ја црпиме енергијата, ги оживуваме спомените кои не поврзуваат низ годините и се наша водилка и инспирација за следните предизвици.

Прочитај повеќе

Василево

Со механизација, ангажирана од општина Василево се чисти поројот во село Сушево

Media Press

Published

на

Со механизација, ангажирана од општина Василево, деновиве во населеното место Сушево се одвиваат активности за чистење на отворениот канал, попознат како  порој. Големи количини на наталожена земја и вегетација се отстрануваат од коритото на каналот, чија примарна функција е апсорбирање и канализирање на водите кои надоаѓаат за  време на врнежи и можат  да бидат особено опасни, доколку неконтролирано се излеваат.

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, ги најави и планираните активности кои ќе се реализираат во наредните денови.  „Во населеното место Сушево наредните денови ќе се изврши уредување и на јавните површини во пресрет на празникот Рождество на Пресвета Богородица“.

За наредниот период, како што најави Андонов во населеното место Василево,  планирано е и чистење на бетонскиот трапезен канал, во близина на ООУ „Гоце Делчев“ во Василево.

Прочитај повеќе