Connect with us

Радовиш

Се знае ценовникот за зонското паркирање во Радовиш, советниците го изгласаа на вчерашната седница

Avatar

Published

на

Предлог одлуката за цени на јавните површини наменети за паркирање во Радовиш беше изгласана на вчерашната седница на Совет со 10 гласа ЗА од советниците од ВМРО -ДПМНЕ и Колацијата и 6 против од опозицијата. Со поставени само две прашања од страна на советниците од СДСМ и Коалицијата: Дали цената за еден час паркирање од 30 денари не е висока за Радовиш, и каде ќе паркираат земјоделците и трговците кои донесувааат земјоделски производи на пазарот, точката помина без поголема дискусија.

Ценовникот го образложи директорот на ЈП Плаваја, Радовиш Дејан Крстев свое дополнување имаше и градоначалникот Ацо Ристов. 

Според ценовникот по 30 денари за еден час се плаќа во првата зона, која го опфаќа речиси целото градско подрачје на Радовиш и десната срана по течението на Радовишка река, односно улица “Кеј 8 септември“. По 20 денари за еден час ќе се наплаќа во втората зона која се протега од почетокот на градот по левата страна на течението на Радовишка река се до спортската сала и двете ленти на билеварот „Александар Македонски“.

Граѓаните кои што живеат во централното подрачје или во Прва зона и кои немаат никакви услови за сопствен паркинг ќе плаќаат по 300 денари месечно или 3.600 денари годишно, иако претходно беше најавувано  од Општина Радовиш, дека со одлука на Совет може да се изгласа да ги следува овие домаќиства бесплатен паркинг за едно возило, како што е во Струмица и Штип или тоа ќе биде симболична цена од 300 денари годишно. А доколку некој има и второ возило ќе се плаќа по 500 денари месечно или 6.000 денари годишно.

 И покрај тоа што ќе плаќаат овие домаќинства нема да имаат резервирано паркинг пред својата куќа, туку ќе се паркираат било каде на улицата, ако има слободно место, но само на улицата за која платиле или во подниво на најблиската улица.

Пример ако нема место на улица Илинденска (што во пракса секогаш е зафатено секое паркинг место) ќе може да се паркираат само покрај реката на „Кеј 8 септември“ до пазарот, секако ако и овде е слободно, во спротивно ќе се паркирате на некое друго место и повторно ќе платите од час. А доколку овие граѓани сакаат да имаат резервирано паркинг пред својата куќа тоа ќе ги чини 40.000 денари годишно.

Радовиш

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите

Avatar

Published

на

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.

„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.

Прочитај повеќе

Радовиш

Регионална средба во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Регионална средба на библиотекари од јавни и училишни библиотеки денеска беше одржана во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш. Тема на расправа на средбата беше „Евидентирање на библиотеките од Македонија и нивно регистирање во светската библиотекарска организација ИФЛА“.

На средбата учествуваа библиотекари од југоисточниот регион, од Валандово, Богданци, струмица и Штип.

Прочитај повеќе

Радовиш

Завршена изградбата на помошен објект при Домот на културата „Ацо Караманов“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Успешно заврши проектот „Реконструкција на Домот на културата Ацо Караманов во Радовиш“ за изградба на помошен објект – натстрешница која има за цел оградување на самата зграда на Домот на култура. Оваа нова структура има значајна услужна функција, осигурувајќи полесен пристап од дворот до бината на салата на Домот.

Овој проект е имплементиран од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со партнерство на о.Радовиш во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој, со финансиска поддршка од Бирото за регионален развој.

Прочитај повеќе