Василево

Состанок на Општинскиот кризен штаб и институциите надлежни за кризни состојби

Работен состанок денеска беше одржан во кабинатот на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, членовите на Општинскиот кризен штаб и претставници од институциите надлежни за менаџирање на кризните состојби:  ЦУК (Центар за управување со кризи)  ТППЕ ,  Струмица,   (Територијална противпожарна единица – Струмица) ЈП „Македонски шуми“, подружница Струмица и ДЗС (Дирекција за заштита и спасување.

На средбата е разговарано за моменталната состојба со пожарите во општина Василево, конкретно за опожарените депонии во населените места Василево и Чанаклија кои се веќе изгаснати , како и за активниот пожар  над населеното место Требичино  кој во моментот е под контрола и се следи од страна на надлежните.

За деновите што следуваат, направен е план за координирано дејствување на сите вклучени страни, во случај на промена на состојбата со огнот односно негово проширување.  Присутните излегоа и со заеднички став дека треба дополнително да се упати апел до жителите, да не палат огин на отворено, да не палат стрништа и воопшто да ги почитуваат мерките и апелите од надлежните институции со што во овие екстремно топли денови би се избегнале пожарите  и последиците од нив.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago