Македонија

Се намалуват цените на бензините и на дизелот за 2 и за 2,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,42% во однос на последната одлука.

Малопродажните цени на бензините се намалуваат за 2,00 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 2,50 ден/лит.

Па така моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава по  96,50 (денари/литар). Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава по 99,00 (денари/литар).

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по 97,50 (денари/литар).
Масло за горење Екстра лесно по 96,00 (денари/литар).
Малопродажната цена на Мазутот пак се зголемува за 1,011 ден/кг и ќе изнесува 52,466 ден/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,597%, кај дизелот за 1,488%, кај екстра лесното масло за 1,374% и кај мазутот зголемување за 2,738%.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago