Македонија

„Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување полета за гасење на пожарот во Беровско

По појавата на пожар на месноста помеѓу селата Митрашинци и Будинарци во Беровско во која е зафатена голема површина со дабова и нискостеблеста шума Дирекцијата за заштита и спасување се активира со 5 тима за гасење на пожари со вкупно 36 лица и 8 возила. Исто така за потребите за гасењето на овој пожар активиран и е авионот AIR TRACTOR за гасење на шумски пожар од Дирекција за заштита и спасување.

На терен се и десет пожарникари на ТППЕ Берово и 30 припадници на Национални шуми од подружницата на Берово. Се најавуваат и пожарникарски екипи од Виница, Радовиш, Кочани, Струмица, Тетово кои ќе помогнат во гаснењето на огнената стихија.

Над 50 хектари букова и дабова шума се зафатени со пожарите коишто го погодија малешевскиот крај. Во гаснењето на огнената стихија учествуваат полициски хеликоптер и „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување. Состојбата засега е под контрола.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago