Connect with us

Струмица

Вкупно 20 настани на годинашното 11-то издание на Струмица Опен Фестивал

Media Press

Published

на

Годинашното 11-то издание на Струмица Опен Фестивал ќе се одржи од 25 јули до 19 август со вкупно 20 настани на повеќе отворени сцени во градот.

Градоначалникот Костадин Костадинов одржа работен состанок со координаторите на повеќето од настаните на кој се разговараше за подготвителните активности и програмските содржини.

„Фестивалската програма ќе биде разновидна и со одлични понуди и за љубителите на музиката, поезијата, филмот, афоризмите, спортот и тоа што за мене е најважно и сите изведувачи ќе бидат од Република Северна Македонија. Некои можеби ќе се запрашаат зошто се организира фестивал имајќи ги в предвид сите кризи со коишто се соочуваме?

Одговорот е едноставен, затоа што на народот му треба живост, особено на Струмица и струмичани коишто по менталитет се навикнати да живеат во град со најразлични содржини, музички концерти и спортски настани и затоа вреди и мора да се организира еден таков фестивал. Сите настани се убави и заслужуваат почит од сите нас, но но нема да бидам Костадин Костадинов ако не истакнам еден што посебно ми лежи на срце, станува збор за најголемата македонска и струмичка музичка легенда, Гоце Арнаудов.

За прв пат во државата организираме настан целосно посветен на оваа наша музичка легенда и затоа ги повикувам струмичани, но и граѓаните на цела држава да дојдат да ги следат сите 20 настани и заеднички да го уживаме ова 11-то издание на Струмица Опен Фест“, рече градоначалникот Костадин Костадинов.

Фестивалот е во организација на Здружението на граѓани „Културен забавен живот“, а поддржан од општина Струмица.

Струмица

Намален интересот за користење на природен гас во Струмица

Media Press

Published

на

Прочитај повеќе

Струмица

Реконструиран објектот на итната медицинска служба во Струмица

Media Press

Published

на

Прочитај повеќе

Струмица

Во текот на вчерашниот ден се случиле две сообраќајни несреќи во струмичко

Media Press

Published

на

Вчера во 05.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат кој води од крстосница со магистрален пат А4 кон село Доброшинци, струмичко, В.В.(54) од село Чанаклија, струмичко, управувајќи товарно моторно возило „ивеко“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.М.(38) од Струмица, а возачот и сопатникот С.Р.(26) од Струмица се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Исто така вчера околу 15.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на улица „24-ти Октомври“ во Струмица, М.К.(25) од село Дабиле, струмичко, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со струмички регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко моторно возило „шевролет“ со струмички регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кој бил пренесен во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Прочитај повеќе