Connect with us

Регион

Прва ларвицидна дезинсекција против комарци во Југоисточниот регион на 12 и 13 јули

Media Press

Published

на

Прва ларвицидна дезинсекција против комарци во Југоисточниот регион е најавена за 12 и 13 Јули.

Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека на 12 и 13 Јули 2022 година, во периодот помеѓу 09 – 16 часот ќе се изврши теристичка (по земја) апликација на средство за уништување на ларви од комарци.

На 12 јули  (Вторник), прскањето ке се одвива на подрачјето во општините Валандово, Дојран, Гевгелија, Богданци, Радовиш и Конче;

 А на 13 јули ќе се прска во општините Струмица, Василево, Босилово и Ново село.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Ова е прва ларвицидна дезинсекција од предвидените две кои се планираат да се спроведат на подрачјето на Југоисточниот плански регион. Со еден третман ќе биде опфатена површина од 82 хектари.

Регион

Санкции за 46 возачи кои возеле побрзо од дозволеното на подрачјето на ОВР Радовиш и Валандово

Media Press

Published

на

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 07.00 до 14.00 часот на подрачјата на Одделенијата за внатрешни работи Радовиш и Валандово била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 46 прекршувања на брзината, од кои 29 на подрачје на Радовиш и 17 на подрачје на Валандово.

Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани, информира СВР Струмица.

Прочитај повеќе

Регион

Регистрирани се нови 521 случаи на КОВИД-19, од нив 38 во Југоистокот

Media Press

Published

на

 Во последните 24 часа направени се 1.231 тестови, а регистрирани се нови 521 случаи на КОВИД-19. Од нив 38 во Југоистокот.

Гевгелија – 13, Струмица –  12, Радовиш –  7, Богданци –  4 и Валандово–  2.

Од вкупниот број на позитивни (521), регистрирани се 120 реинфекции.

Регистрирани сe 485 оздравени пациенти од кои 25 во Југоистокот: Во Струмица –  16, Гевгелија – 7, Богданци–  2 и Радовиш 1.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица, од Скопје (78г) и Струга(48г). Двете лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 2.139.217 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 336.560, бројот на оздравени пациенти е 323.536, на починати е 9.429, а бројот на активни случаи изнесува 3.595

Прочитај повеќе

Регион

Нови 40 случаи на Ковид во Југоистокот во последните три дена

Media Press

Published

на

Во последните 3 дена (од 12.08 до 14.08.2022) направени се 2.095 тестови, а регистрирани се 889 нови случаи на КОВИД-19. Од нив цо Југоистокот се забележани 40 нови случаи, во Гевгелија – 17, Струмица – 16, Радовиш – 7 и Валандово, Богданци, по 2

Од вкупниот број на позитивни (889), регистрирани се 199 реинфекции.

Регистрирани сe 1.228 оздравени пациенти од:

Струмица – 33, Гевгелија –  20, Радовиш – 13, Валандово  10 и Дојран – 1.

Во текот на изминатите 3 дена (12.08 – 14.08.2022) пријавени се 7 починати лица, од: 3 починати.

Досега во земјата се направени вкупно 2.136.393 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 335.451, бројот на оздравени пациенти е 322.468, на починати е 9.424, а бројот на активни случаи изнесува 3.559

Прочитај повеќе