Connect with us

Василево

Советот на општина Василево ги донесе урбанистичките планови за Владевци, Ангелци и Градашорци

Media Press

Published

на

Вчера,  Советот на општина Василево, на седница, ги усвои Урбанистичките планови за населените места Владиевци, Ангелци и Градашорци, сите за периодот 2018-2028 г.

Површината опфатена во планскиот опфат за с. Владевци изнесува 38,85 ха, за с. Ангелци, 40,67 ха и за с. Градашорци 103,49 ха. Образложение даде градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој нагласи дека урбанизацијата значи плански развој на населените места од кој бенефит ќе имаат и општината и граѓаните на населените места, кои ќе можат да ги направат оформување на сопствените парцели и на тој начин да си ја зголемат вредноста на сопствениот имот.

Градоначалникот Андонов, образложрение даде и за утврдувањето на приоритен проект  со кој општина Василево ќе аплицира во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за средства од Програмата за финансиска поддршка во руралниот развој за 2022 година, а тоа е изградба на пристапен пат за пристап до земјоделско земјиште , крак 3, во с. Василево, за кој   советниците едногласно ја дадоа својата поддршка. Според образложението, изградбата на овој крак од патот, познат како „широк пат“, е од витално значење бидејќи може да го користат и жителите на Добрашинци и Нова Маала за поврзување со Василево.

Усвоени беа и Предлог-одлуката за проширување на средства на Буџетот на општина Василево за 2022 година и Предлог-одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Василево за 2022 година – и двете за Програмата Основно образование.

Советниците ја усвоија и Предлог-Програмата за измена и дополнување на Програмата за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици за 2022 година, за која како што образложи градоначалникот Андонов е усогласување со Ребалансот на Буџетот на општина Василево, кој беше донесен на претходната седница и за истата во текот на наредната недела ќе биде распишана јавна набавка.

Усвоени се и измените во Програмата за изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води, кои се однесуваат на зголемување на износот на средства планирани за изградба на крак од фекална канализација во с. Василево.

Советниците, едногласно го одобрија и Барањето за градежни материјали поднесено од Црковниот одбор на црквата Св. Никола од с. Градашорци.

прикажи повеќе
Advertisement

Василево

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов оствари средба со претставници на Европската академија на регионите

Media Press

Published

на

Денес, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, во својот кабинет оствари средба со  членовите на одборот на EAR-AER Европската академија на регионите – Académie européenne des regions, Luis Deklart и Nelu Neacsu кои како партнери на  БИЦСР(Business Innovation Center Strumica), со финансиска поддршка од владата на Фландрија (Белгија) во периодот од 24-28 септември 2022 година, преземаат мисија за утврдување на фактите во Северна Македонија.

Целта на мисијата е да се сретне со претставници на регионални и локални власти, непрофитни здруженија и претставници на бизниси за да ги информира за активностите и услугите на Академијата, да ги информира за можностите за финансирање од ЕУ програми и фондови и да обезбеди насоки за зголемување на ефикасноста на проекти што ќе ги подготват во рамките на процесот на усогласување со ЕУ.

Прочитај повеќе

Василево

Во Сушево се одржа Mеѓународен фолклорен фестивал „Весело на сред село“

Media Press

Published

на

Викендот во селото Сушево во организација на КУД „Сушевски бисери“, а под покровителство на Општина Василево се одржа првиот Меѓународен фолклорен фестивал „Весело на сред село“.

На фестивалот, покрај домаќините настапија и КУД „Негорци“ од Негорци, ФА „Подарешани млади“ од Подареш, гостите од Србија и Бугарија, Здружението „Марко Цара Миланович“ од Каоник, Крушевац, НЧ „Антон Панов-1962“ од село Самуилово, Петрич, ЖПГ „Самуилски славеи“ и Танцова група и Танцова школа „Тепсихора“ од Дупница.

Добредојде на сите учесници им посака градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој истакна дека токму преку овој фолклорен фестивал со музиката и фолклорот се навраќаме на нашите корени, на изворот од каде ја црпиме енергијата, ги оживуваме спомените кои не поврзуваат низ годините и се наша водилка и инспирација за следните предизвици.

Прочитај повеќе

Василево

Со механизација, ангажирана од општина Василево се чисти поројот во село Сушево

Media Press

Published

на

Со механизација, ангажирана од општина Василево, деновиве во населеното место Сушево се одвиваат активности за чистење на отворениот канал, попознат како  порој. Големи количини на наталожена земја и вегетација се отстрануваат од коритото на каналот, чија примарна функција е апсорбирање и канализирање на водите кои надоаѓаат за  време на врнежи и можат  да бидат особено опасни, доколку неконтролирано се излеваат.

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, ги најави и планираните активности кои ќе се реализираат во наредните денови.  „Во населеното место Сушево наредните денови ќе се изврши уредување и на јавните површини во пресрет на празникот Рождество на Пресвета Богородица“.

За наредниот период, како што најави Андонов во населеното место Василево,  планирано е и чистење на бетонскиот трапезен канал, во близина на ООУ „Гоце Делчев“ во Василево.

Прочитај повеќе