Connect with us

Струмица

Градоначалникот Костадинов на младите со најдобри бизнис идеи им врачи ваучери од по 60 илјади денари

Media Press

Published

на

Денеска во домот на АРМ се одржа завршниот дел од поддршката на Старт-ап бизниси за млади, како дел од Програмата за активности на општина Струмица во областа на локалниот економски развој и туризмот. По само неколку месеци од Јавниот повик, беа валоризирани најдобрите бизнис планови на идните млади претприемачи, а градоначалникот Костадин Костадинов им ги врачи ваучерите на младите луѓе со најдобри бизнис планови во вредност од по 60.000 денари,

-Целта на оваа активност на општина Струмица, како и на самиот Јавен повик,  беше поттикнување и охрабрување на младите невработени лица од општина Струмица да се вклучат во процесот за да изградат соодветни лични капацитети за развивање на своите бизнис идеи во реално остварливи бизнис планови со кои ќе може да започнат свои бизниси. Тоа исовремено значи и добивање можност за користење на општинска финансиска поддршка, но и оспособување за аплицирање и користење на мерките на Владата на Република Северна Македонија, рече градоначалникот Костадинов.

На денешниот завршен настан му претходеше објавување на Јавен повик,  двомесечна соодветна експертска обука за пријавените кандидати и претставување на бизнис плановите пред стручна комисија.

Струмица

Намален интересот за користење на природен гас во Струмица

Media Press

Published

на

Прочитај повеќе

Струмица

Реконструиран објектот на итната медицинска служба во Струмица

Media Press

Published

на

Прочитај повеќе

Струмица

Во текот на вчерашниот ден се случиле две сообраќајни несреќи во струмичко

Media Press

Published

на

Вчера во 05.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат кој води од крстосница со магистрален пат А4 кон село Доброшинци, струмичко, В.В.(54) од село Чанаклија, струмичко, управувајќи товарно моторно возило „ивеко“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.М.(38) од Струмица, а возачот и сопатникот С.Р.(26) од Струмица се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Исто така вчера околу 15.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на улица „24-ти Октомври“ во Струмица, М.К.(25) од село Дабиле, струмичко, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со струмички регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко моторно возило „шевролет“ со струмички регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кој бил пренесен во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Прочитај повеќе