Connect with us

Струмица

Расчистено синоќешното убиство во Струмица, приведени три лица

Avatar

Published

на

Утрово во 05.10 часот, во Радовиш, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Струмица – Полициска станица Радовиш ги лишиле од слобода М.Ј.(22), Р.А.(33), а претходно, околу 03.00 часот во с.Дедели, од полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово е приведена и Ј.Т.(44), сите од Струмица.

На 05.07.2022 околу 19.30 часот, по претходна расправија поради нарушени меѓусемејни односи, на ул.„Бетовенова“ во Струмица, М.Ј. со остар предмет му нанел повреди на А.Б.(22) од Струмица, кој подоцна починал во Медицинскиот центар Струмица. Додека, Р.А., исто така, со остар предмет ги нападнал и повредил Б.Ј.(69), З.Б.(45) и О.Б.(20), сите од Струмица, на кои им е укажана лекарска помош во Медицински центар Струмица. Во нападот учествувала и Ј.Т., мајката на М.Ј..

Имено, по пријавување на случајот, полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки, сторителите се лишени од слобода, а врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на М.Ј. и биле подигнати предмети поврзани со кривичното дело.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Струмица

Пред два дена исчезнало лице со нарушно здравје од својот дом од Струмица

Avatar

Published

на

На 09.12.2023 година во Полициската станица Струмица, Т.Д.(64) од Струмица пријави дека од домот се оддалечил неговиот син М.Д. (29), кој бил со нарушено здравје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Прочитај повеќе

Регион

Пронајдена и одземена марихуана, пријава за физички напад, дел од вчерашниот билтен на СВР Струмица

Avatar

Published

на

На 22.11.2023 година во 21.25 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Н.Ш.(23) од Струмица. При преглед на патничко возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против Н.Ш. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.11.2023 во 10.25 часот во Полициската станица Струмица, Ж.Т.(64) од Струмица пријавила дека на 20.11.2023 во Струмица била физички нападната од Е.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.11.2023 во 11.50 часот во Полициската станица Струмица Е.А.(68) од село Радичево, струмичко, пријавила дека во село Радичево била касната од куче скитник.

Прочитај повеќе

Струмица

Завршија сите планирани јавни собири со граѓаните од урбаните и месните заедници во Општина Струмица

Avatar

Published

на

Во населените места Добрејци и Просениково се одржаа последните средби со граѓаните од Општина Струмица, со што и завршија сите планирани јавни собири со граѓаните од урбаните и месните заедници.

На средбите градоначалникот Костадин Костадинов со неговиот тим, советници и претставници на општинските јавни претпријатија, со граѓаните разговараа на актуелни теми, ги разгледуваа реалните потреби и ги утврдија приоритетните проекти коишто ќе се реализираат следната година со средства од општинскиот буџет, информираат од општината.

„Со јавните собири и буџетскиот форум, општина Струмица уште еднаш го потврди високото ниво на транспарентност и отчетност во своето работење и активното учество на граѓаните во креирањето на локалните политики и општинскиот развој“ вели градоначалникот Костадин Костадинов кој е иницијатор на ваквите средби со цел активно вклучување на граѓаните во креирањето.

Прочитај повеќе